Министерот за одбрана на Ерменија Давит Тонојан поднесе оставка

Министерот за одбрана на Ерменија Давит Тонојан поднесе оставка од оваа своја должност којашто ја извршуваше од 2018 година

1531349
Министерот за одбрана на Ерменија Давит Тонојан поднесе оставка

Ерменскиот министер за одбрана Давит Тонојан поднесе оставка. 

Поразот на Ерменија во Нагорно Карабах се одрази остро на управата на оваа земја којашто се потресува со серија оставки.

Како последно пристигна веста за оставката на ерменскиот министер за одбрана Давит Танојан кој оваа своја министерска должност ја извршуваше од 2018 година. 

Ерменија која приближно 30 години како ги држеше под окупација териториите на Азербејџан во последно време реализираше вознемирувачки и провоцирачки истрели со кои беа таргетирани цивилите.

По овие напади Азербејџан на 27 септември започна операција за ослободување на своите окупирани територии и Ерменија беше поразена во судирите коишто траеја некаде околу 45 дена.

Властите во Ереван кои го признаа поразот почнаа да се соочуваат со тешки критики и со протести во земјата.



Слични вести