Францускиот претседател разговараше телефонски со Алиев и Пашинјан за Нагорно Карабах

Францускиот претседател Емануел Макрон разговараше телефонски со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и со ерменскиот премиер Никол Пашинјан во врска со Нагорно Карабах

1531284
Францускиот претседател разговараше телефонски со Алиев и Пашинјан за Нагорно Карабах

Францускиот претседател Емануел Макрон оствари телефонски разговори со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан. 

Во објавеното писмено соопштение од Елисејската палата се истакнува дека во телефонските разговори коишто претседателот Емануел Макрон ги оствари со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан ги изнесе приоритетите на Франција по потпишаниот договор за прекин на огнот помеѓу Азербејџан и Ерменија.

Во соопштението се вели дека со завршувањето на судирите треба повторно да започнат преговорите со добронамерност за одбрана на народот во Нагорно Карабах и за враќање назад на десетици илјади лица кои избегаа од своите домови во последните недели.

Како што се наведува Макрон истакнал дека неговата земја ќе испрати хуманитарна помош во Нагорно Карабах и дека сака да бидат преземени мерки за заштита на верското и културното наследство во ова подрачје. 



Слични вести