Азербејџанската армија влезе во градот Агдам кој 27 години се наоѓаше под ерменска окупација
Во објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан е соопштено дека азербејџанската армија влезе во градот Агдам кој 27 години се наоѓаше под ерменска окупација и кој е напуштен од страна на ерменската армија

Азербејџанската армија влезе во градот Агдам кој 27 години се наоѓаше под окупација на Ерменија.
Во објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан е соопштено дека согласно потпишаниот договор за прекин на огнот со посредство на Русија помеѓу Азџербејџан и Ерменија, азербејџанската армија влезе во градот Агдам кој е напуштен од страна на ерменската армија.
Приближно 77 оттсо од подрачјето на градот Агдам беше окупирано од страна на ерменската армија во 1993 година и притоа беа принудени да ги напуштат своите домови и својот роден крај приближно 200 илјади Азербејџанци.
Во периодот на окупацијата, градот Агдам беше ограбен и разрушен од страна на Ерменците и поголемиот дел од околните села и градот беа разрушени и напуштени.
Инаку, откако азербејџанската армија во операцијата којашто ја започна на 27 септември ослободи од окупација 5 градови, 4 градчиња и повеќе од 286 села, Ерменија го призна поразот и го потпиша договорот со кој вети дека ќе се повлече и од окупираните градови Агдам, Лачин и Келбеџер.