Зголемен бројот на пунктовите за набљудување во Нагорно Карабах

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков информира дека е направена измена во бројот на пунктовите за набљудување коишто се распоредени во должина на контакт линијата во Нагорно Карабах

1530336
Зголемен бројот на пунктовите за набљудување во Нагорно Карабах

Зголемен бројот на пунктовите за набљудување во Нагорно Карабах.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков информира дека е направена измена во бројот на пунктовите за набљудување коишто се распоредени во должина на контакт линијата во Нагорно Карабах.

Конашенков истакна дека се прераспоредени и е зголемен бројот на пунктовите за набљудување и на руските војници на задача во овие пунктови. 

Велејќи дека земајќи се во предвид актуелната состојба повторно се утврдени локацијата на војниците и на пунктовите за набљудување во Нагорно Карабах, Игор Конашенков информира дека на вкупно 23 пунктови за набљудување од кои 11 во „северната“ област на одговорност и 12 во „јужната“ област на одговорност се врши задача за надгледување и контрола во текот на 24 часа.  

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков, во дадената изјава завчера истакна дека  во „јужната“ област на одговорност се формирани 9, во „северната“ област на одговорност 9, а во коридорот Лачин 7 привремени набљудувачки пунктови.



Слични вести