Во Малезија започна Самитот на Организацијата за азиско-пацифичка економска соработка (APEC)

Малезискиот премиер Мухјиддин Јасин говореше на отворањето на Самитот на Организацијата за азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК или APEC)

1530521
Во Малезија започна Самитот на Организацијата за азиско-пацифичка економска соработка (APEC)

Во Малезија започна Самитот на Организацијата за азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК или APEC).

Малезискиот премиер Мухјиддин Јасин говореше на отворањето на самитот којшто поради новиот тип коронавирус (Ковид-19) се одржува во виртуелна средина и притоа направи проценка на економската соработка на земјите членки на Организацијата за азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК или APEC) по периодот на пандемијата (глобалната апидемија).

Мухјиддин рече: „Наново прокоментираната АПЕК треба да се дефинира со одредени приоритети коишто ја сочинуваат суштината на регионот. Овие приоритети, според мене се слободната трговија и инвестирањето, регионалната економска интеграција и економската и техничката соработка.“

Привлекувајќи внимание дека земјите на Организацијата за азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК или APEC) сочинуваат 60 отсто од глобалниот бруто домашен производ, Мухјиддин го рече следното: „АПЕК ќе одигра предводничка во опоравувањето на светската економија по пандемијата. Во овој период на економска тешкотија низ којшто поминуваме треба да се бавиме со трговија и инвестирање со нашите сопствени можности.“

Малезискиот премиер Мухјиддин Јасин нагласи дека политиките коишто се водат и мерките кои се преземаат за време на пандемијата на Ковид-19 ќе претставуваат историска задача на Организацијата за азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК или APEC).

Организацијата за азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК или APEC) која е формирана во 1989 година од страна на Австралија, Брунеи, Канада, Индонезија, Јапонија, Малезија, Нов Зеланд, Филипини, Сингапур, Јужна Кореја, Тајланд и Соединетите Американски Држави (САД), има за цел да ги олесни трговските врски, а со цел да обезбеди либерализација на трговијата и инвестирањата, како и интеграција на економиите во регионот.

Во склопот на Организацијата за азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК или APEC) во 1991 година се примени во членство Кина, Хонгконг и Тајван, во 1993 година Мексико и Папуа Нова Гвинеја, во 1994 година Чиле и во 1998 година Перу, Русија и Виетнам.

Во Организацијата за азиско-пацифичка економска соработка (АПЕК или APEC) се наоѓаат 21 земја т.е. економија.



Слични вести