Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани рекордни 1.408 случаи

Во Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани рекордни 1.408 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) со што вкупниот број на инфектираните се зголеми на 50.015, а со уште 21 починат бројот на смртните случаи изнесува 1.397 лица

1530267
Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани рекордни 1.408 случаи

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1 милион 356 илјади 645 лица, на случаите на зараза изнесува над 56 милиони 655 илјади, а досега оздравеа повеќе од 39 милиони 459 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 256 илјади 311 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 11 милиони 876 илјади 240. Во објавеното соопштение од Федерацијата на американски научници (FAS), се истакнува дека Северна Дакота која долго време како се наоѓа на прво место по бројот на позитивните случаи на Ковид-19 исто така е место во кое се регистрирани најголем број смртни случаи од вирусот во светот. Во меѓувреме, поради големиот раст во бројот на случаите на зараза училиштата во градот Њујорк почнувајќи од денеска ќе бидат повторно затворени.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 167 илјади 497 лица, а на случаите на зараза изнесува 5 милиони 947 илјади 403 лица. 

Во Мексико, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 99.528, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 015 илјади 071 лица. 

Во Велика Британија, која е земја со најголем број починати во Европа, бројот на смртните случаи со раст за уште 529 лица во изминатите 24 часа се искачи на вкупно 53.274, а за еден ден во земјата се регистрирани 19.609 новозаразени со што бројот на инфектираните достигна до 1 милион 430 илјади 341 лице.

Во Италија, со раст за уште 753 починати во изминатите 24 часа бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 47.217 лица. За еден ден се регистрирани 34.282 новозаразени со што бројот на случаите на зараза изнесува вкупно 1 милион 272 илјади 352 лица. 

Во Франција, бројот на смртните случаи од Ковид-19 се зголеми на вкупно 46.698 лица, а на инфектираните достигна до 2 милиони 065 илјади 138 лица.

Во Шпанија, во изминатите 24 часа починаа уште 351 лице со што бројот на смртните случаи се искачи на 42.039, а на случаите на зараза со раст за уште 15.318 лица изнесува 1 милион 525 илјади 341 лице. 

Во Германија, се регистрирани 13.492 смртни случаи, а бројот а случаите на зараза достигна до вкупно 854.533 лица.

Во Португалија, Министерството за здравство соопшти дека од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа животот го загубија уште 79 лица, а се регистрирани 5.891 новозаразен. На тој начин бројот на смртните случаи во земјата се зголеми на 3.632, а на случаите на зараза на 236.015 лица. Вонредната состојба којашто се применува во Портигалија и која ќе заврши на 24 ноември се предвидува да биде продолжена и превентивните мерки да се применуваат во 3 одделни фази според интензитетот на епидемијата.

Во Украина, бројот на починатите во изминатите 24 часа со раст за уште 257 лица се зголеми на 10.369, а на случаите на зараза со регистрирани 13.357 новозаразени достигна до вкупно 583.510 лица.

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се потврдени 21 починат, а се регистрирани рекордни 1.408 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19). На тој начин вкупниот број на смртни случаи во Северна Македонија се зголеми на 1.397, а на инфектираните се искачи на 50.015 лица.

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 8 милиони 958 илјади 483 инфектирани е во положба на втора земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 131.618 лица.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 34.387, а на случаите на зараза изнесува 1 милион 991 илјада 998 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 42.941 лице, бројот на случаите на зараза се искачи на 801.894. 

Во Ирак, бројот на починатите се зголеми на 11.795 лица, а на случаите изнесува 526.852.

Во Пакистан, од Ковид-19 животот го загубија 7.248 лица, бројот на случаите на зараза се зголеми на 365.927.

Во Израел, бројот на смртните случаи изнесува 2.739, а на инфектираните достигна до 326.331 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 48.509 лица, а на случаите на зараза достигна до 2 милиони 026 илјади 587.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 20.556, а потоа следуваат Египет со 6.495, Мароко 5.013, Тунис 2.541, Алжир 2.206, Етиопија 1.601, Кенија 1.313, Судан 1.175, Нигерија 1.163, Камерун 433 починати.



Слични вести