Испитување на јавното мислење: Арапската јавност најмногу ја обожава надворешната политика на Турција

Тинк-тенк здружението со седиште во Вашингтон „Arab Center“, во рамките на студијата „Арапско испитување на јавното мислење 2019-2020“ соопшти дека најобожавана земја кај арапската јавност со нејзината надворешна политика којашто ја води е Турција

1530243
Испитување на јавното мислење: Арапската јавност најмногу ја обожава надворешната политика на Турција

Според едно спроведено истражување, најобожавана земја кај арапската јавност со нејзината надворешна политика којашто ја води е Турција.

Тинк-тенк здружението со седиште во Вашингтон „Arab Center“, во рамките на студијата „Арапско испитување на јавното мислење 2019-2020“ беше подготвен извештај со приближно 30 илјади испитаници од арапакси земји како Алжир, Египет, Ирак, Јордан, Кувајт, Либан, Мавританија, Мароко, Палестина, Катар, Саудиска Арабија, Судан и Тунис.

Во извештајот беа анализирани размислувањата на арапската јавност во однос ѝ на нивниот поглед кон политиките во нивните земји ѝ кон политиките на регионалните сили.

Од анкетираните лица 58 отсто се изјаснија негативно во однос на надворешните политики на регионалните и глобалните сили на Блискиот исток и во Северна Африка.

Меѓу земјите за кои арапската јавност изнесе најнегативен став редум се Соединетите Американски Држави (САД), Русија, Иран и Франција, додека најобожавана земја со нејзината надворешна политика стана Турција.

58 отсто од анкетираните се изјаснија дека располагаат со „позитивен“ став во однос на надворешната политика на Турција, 28 отсто се изјаснија „негативно“, додека 14 отсто истакнаа дека немаат било каков став по ова прашање.

По Турција следуваат Кина со 55 отсто и Германија со 52 отсто „позитивен“ став.

Од друга страна, во анкетата е ставен под лупа и тоа како е рефлектирано во јавноста ставот на Соединетите Американски Држави (САД) кон одредени арапски земји.

Според тоа, 81 отсто од анкетираните се изјаснија дека САД имаат „негативен“ став во нивната политика кон Палестина, 77 отсто кон Сирија, 74 отсто кон Јемен и 70 отсто кон Либија.

Освен тоа, според ова спроведено истражување на јавното мислење, 89 отсто од арапската јавност како најзначајна закана го сметаат Израел, 81 отсто САД и 67 отсто Иран.



Слични вести