Азербејџанската армија се стационира во градот Агдам

Согласно постигнатиот договор за прекин на огнот помеѓу Азербејџан и Ерменија, ерменските сили и ерменското население кое беше сместено во некои околни села го напуштаат градот Агдам, а во подрачјето се стационира азербејџанската армија

1530757
Азербејџанската армија се стационира во градот Агдам

Азербејџанската армија се стационира во градот Агдам кој е испразнет од Ерменија. 

Согласно постигнатиот договор за прекин на огнот со посредување на Русија помеѓу Азербејџан и Ерменија, ерменските сили и ерменското население кое беше сместено во некои околни села го напуштаат градот Агдам, а во подрачјето се стационира азербејџанската армија.

На споделените снимки на социјалните медиуми се гледа како воени оклопни возила на азербејџанската армија се движат кон градот Агдам и како по патиштата голем број Азербејџанци им аплаудираат и ги бодрат азербејџанските војници.

Во меѓувреме, ерменската армија која продолжува да се повлекува од подрачјето на градот Агдам ги пали станиците, зградите и воените пунктови од коишто се повлекува.

На снимките снимени во областите од фронтовата линија под контрола на Азербјеџан пак, се гледа како се издигнуваат облаци од чад од позициите кадешто беа стационирани ерменските војници.

Согласно постигнатиот договор помеѓу Азербејџан и Ерменија во врска со кризата во Нагорно Карабах, ерменските сили до 20 ноември треба целосно да го напуштат подрачјето на градот Агдам.  

Приближно 77 оттсо од подрачјето на градот Агдам беше окупирано од страна на ерменската армија во 1993 година и притоа беа принудени да ги напуштат своите домови и својот роден крај приближно 200 илјади Азербејџанци.



Слични вести