Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот

Бројот на смртните случаи во светот кои умреа поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) изнесува над 1.343.600. Бројот на заразени од вирусот изнесува 55.956.000, а бројот на оздравените над 38.971.000

1529665
Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот

 

Бројот на смртните случаи во светот кои умреа поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) изнесува над 1.346.570. Бројот на заразени од вирусот изнесува 56.093.000, а бројот на оздравените над 39.090.000.

Бројот на смртните случаи во Соединетите Американски Држави (САД) се зголеми на 254.311, додека бројот на заразените на 11.698.000. Во земјата а дадено одобрение за употреба на комплетите за тестирање на Ковид-19, кој дава резултати за 30 минути и целосно може да се направи дома. Претседателот на Федералната централна банка на Америка (ФЕД) Џром Пауел изјави дека зголемувањето на случаите на заразување од Ковид-19 ја зголемува загриженоста за закрепнувањето на економијата, потенцирајќи дека на економијата и е потребна финансиска и монетарна поддршка. Како последица на зголемувањето на бројот на заразените чија бројка изнесува над  еден милион лица во државата Тексас, Банката за храна Северен Тексас (НТФБ) на 14 ноември во саботата подели повеќе од 272 тони храна во градот Далас. За време на распределбата на храната која беше извршена во мобилниот магацин на НТФБ во Фер Парк, околу 25 илјади луѓе со повеќе од 6 илјади возила чекаа во ред за да добијат пакети со храна.

Бројот на смртните случаи во Велика Британија поради епидемијата на Ковид-19 во последните 24 часа се зголеми за уште 598 и изнесува 52.745, додека бројот на заразените се зголеми за уште 20.051 и изнесува 1.410.732.

Во последните 24 часа во Италија, поради епидемијата на Ковид-19 умреа уште 731 лица. На тој начин вкупниот број на смртните случаи се зголеми на 46.464. Бројот на заразените од вирусот се зголеми за уште 32.191 и изнесува 1.205.081.

Во последните 24 часа во Франција поради Ковид-19 во болниците умреа уште 437 лица, додека во домовите за старци во последните 4 дена умреа 791 возрасни лица. На тој начин вкупниот број на смртни случаи изнесува 46.273. Со регистрирани 45.522 новозаразени случаи на Ковид-19 за еден само ден, вкупниот број на заразените се зголеми на 2.036.755.

Бројот на смртните случаи поради епидемијата на Ковид-19 во Шпанија во последните 24 часа се зголеми за уште 435 лица. На тој начин вкупниот број  на смртни случаи во оваа земја изнесува 41.688. Бројот на заразени лица се зголеми за уште 13.159 и се искачи на 1.510.023.

Министерството за здравство на Португалија соопшти дека бројот на смртните случаи поради Ковид-19 во последните 24 часа се зголеми за уште 81 лице додека бројот на новозаразените изнесува 4.452. Вкупниот број на смртни случаи во земјата се искачи на 3.553 а на заразените на 230.124.

Во Канада, каде досега поради Ковид-19 умреа 11.074 лица, во последната недела бројот на заразените се зголеми за уште 28.970, на тој начин вкупниот број на заразени се зголеми на 305.436 лица.

Во Холандија, каде против коронавирусот се спроведуваа строги мерки, по намалувањето на дневниот број на смртните случаи и заразените, властите повторно ги отворија јавните простори и површини и згради. Соодветно на тоа, почнувајќи од утре, повторно ќе се отворат јавните простори и површини како што се кино, музеј, театар, библиотека, забавен парк, базен и зоолошка градина, кои беа затворени во последните 2 недели.

Во Белгија, каде бројот на лицата коишто ги загубија животите е 14.839, а бројот на заразени лица е 540.605, потенцијалната вакцина развиена против коронавирус ќе биде бесплатна за граѓаните. Здравствените работници и старите лица ќе имаат приоритет во вакцинацијата, којашто не е задолжителна.

Претседателот на парламентот на Косово, Вјоса Османи која исто така ја врши функцијата претседател по оставката на Хашим Тачи, беше заразена од новиот вид на коронавирус. Османи најави дека состаноците ќе ги продолжи со далечински пристап.

Според податоците на Министерството за здравство во Украина, бројот на смртни случаи се зголеми за уште 256 и изнесува 10.112. Оваа бројка беше забележана како највисок дневен биланс на жртви досега. Со регистрирањето на уште 12.496 заразени лица од Ковид-19 во земјата во истиот период, вкупниот број на заразени се зголеми на 570.153.

Во Германија, каде досега од Ковид-19 умреа 13.283 лица и се регистрирани 836.826 случаи, полицијата врз демонстрантите кои одржаа протести против политиката на сојузната влада за спречување на ширењето на епидемијата во главниот град Берлин, интервенираше со водени топови и солзавец и приведе многу демонстранти.

Европската комисија на земјите-членки им препорача да користат антигени тестови кои даваат брзи резултати во откривањето на заразените на Ковид-19. Во соопштението беше наведено дека употребата на антигени тестови ќе биде од корист во борбата против епидемијата.



Слични вести