Путин: „Негирањето на договорот за Нагорно Карабах од страна на Ерменија е самоубиство“

Конечниот статус на Карабах не е утврден

1529663
Путин: „Негирањето на договорот за Нагорно Карабах од страна на Ерменија е самоубиство“

 

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека „ако Ерменија го одбие договорот за Нагорно Карабах, тоа би било „самоубиство““.

Путин во изјава за државната телевизија „Росија“ рече дека „благодарение на договорот за Нагорно Карабах, постигнат меѓу Азербејџан и Ерменија, беше запрено крвопролевањето“.

Потсетувајќи дека Нагорно Карабах не го признава никој, вклучително и Ерменија, Путин, рече: „Конечниот статус на Карабах не е утврден. Денес се договоривме за продолжување на статус-кво состојбата којашто постои. За иднината ќе одлучуваат идните лидери и сите оние коишто ќе учествуваат во овој процес“.

„На барање на Азербејџан, постигнавме согласност за прекин на огнот и формирање контролни механизми и центри со Турција“ рече Владимир Путин потсетувајќи дека „со Турција и Сирија имаме интерактивна соработкана Блискиот исток“.



Слични вести