Расте бројот на оздравените од ковид-19 во светот

Бројот на оздравените од Ковид-19 во светот изнесува над 38.529.000.

1528838
Расте бројот на оздравените од ковид-19 во светот

 

Бројот на смртните случаи во светот кои умреа поради новиот вид коронавирус (Ковид-19) изнесува над 1.333.000. Бројот на заразени од вирусот изнесува 55.390.000, а бројот на оздравените над 38.529.000.

Бројот на смртните случаи во Соединетите Американски Држави (САД) се зголеми на 252.652, додека бројот на заразените на 11.538.000. Од почетокот на епидемијата на Ковид-19 до 12 ноември бројот на заразените деца изнесува 1.039.464.

Бројот на смртните случаи во Велика Британија поради епидемијата на Ковид-19 изнесува 52.147, додека бројот на заразените се зголеми 1.390.000.

Во последните 24 часа во Италија, поради епидемијата на Ковид-19 умреа уште 504 лица. На тој налин вкупниот број на смртните случаи се зголеми на 45.733. Бројот на заразените од вирусот се зголеми за 27.354 и изнесува 1.205.081.

Во последните 24 часа во Франција поради Ковид-19 умреа уште 508 лица, така што вкупниот број на смртни случаи изнесува 45.054. Со регистрирани нови 9.406 случаи на Ковид-19 за еден само ден, бројот на заразените се зголеми на 1.991.233. Министерот за здравство Оливие Веран изјави дека со спроведувањето на полицискиот час низ целата земја, вирусот се шири побавно.

Бројот на смртните случаи поради епидемијата во Шпанија се зголеми на 41.253. Бројот на заразени лица се искачи на 1.521.000.

Бројот на смртните случаи поради Ковид-19 во некои други земји е како што следува:

Бразил (166.067), Мексико (98.861), Перу (35.271), Аргентина (35.727), Колумбија (34.223), Чиле (14.863), Белгија (14.616), Еквадор (13.016), Германија (12 илјади 891), Канада (11.027) и Полска (10.491).



Слични вести