Помпео ја посети Грчката патријаршија Фенер

Средбата која траеше повеќе од 1 час, беше затворена за печатот

1529267
Помпео ја посети Грчката патријаршија Фенер

 

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја посети Грчката патријаршија Фенер во истанбулската населба Фатих.

Во рамките на посетата на црквата Аја Јорги на грчката патријаршија Помпео запали свеќи.

Нешто потоа Помпео го посети патријархот на грчката патријаршија Фенер, Вартоломеј Први.

Средбата која траеше повеќе од 1 час, беше затворена за печатот.

По посетата на патријаршијата, Помпео премина во посета на џамијата Рустем-паша во Еминону.

Државниот секретар на САД Помпео во рамките на посетата е придружуван од сопругата Сузан Помпео и американскиот амбасадор во Анкара Дејвид Сатерфилд.

По програмата во Истанбул, Помпео ќе замине во Грузија.

Во рамките на турнејата на седум земји, која ја започна од Франција, Помпео синоќа допатува во Истанбул.



Слични вести