Покана од ОН до турските лекари кои ја развија вакцината против Ковид-19

Тие ја прифатија мојата покана на Специјалното заседание на Генералното собрание на ОН посветена на Ковид, со кое ќе претседавам на 3-4 декември да учествуваат како говорници

1528833
Покана од ОН до турските лекари кои ја развија вакцината против Ковид-19

 

Претседателот на 75. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН) Волкан Бозкир, професорот доктор Угур Шахин и докторот Озлем Туреџи, основачите на германската биотехнолошка компанија „БиоНТех“ (BioNTech), која разви вакцина против новиот вид коронавирус (Ковид-19), ги покани на самитот што треба да се одржи на на 3 - 4 декември.

Бозкир на својот профил на Твитер истакна дека со турските научници Шахин и Туреџи остварил средба преку видео конференција и дека „искрено им честитал“ за достигнувањата што му дадоа надеж на целиот свет. Волкан Бозкир во објавата истакна дека „Тие ја прифатија мојата покана на Специјалното заседание на Генералното собрание на ОН посветена на Ковид, со кое ќе претседавам на 3-4 декември да учествуваат како говорници.

Претходно беше објавено дека потенцијалната вакцина којашто компанијата „БиоНТех“ ја развива против Ковид-19, повеќе од 90 проценти е ефективна против вирусот.



Слични вести