ЕУ: „Целта на борбата против тероризот во Европа се само терористите“

Нашата борба против тероризмот специјално не е насочена против која било религија или политички убедувања. Нашата борба е против насилниот екстремизам и сите негови форми, односно тероризмот.

1528846
ЕУ: „Целта на борбата против тероризот во Европа се само терористите“

 

Европската унија (ЕУ) соопшти дека борбата против тероризмот во Европа целосно е насочена против терористите и дека не е насочена кон ниту еден религиозен или политички став.

Илва Јохансон, член на Комисијата на ЕУ одговорна за внатрешни работи, одржа говор на состанокот на Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на Европскиот парламент на тема „Борбата против тероризмот по неодамнешните терористички напади во Франција и Австрија“.

Наведувајќи дека сакаат да ја зајакнат заедничката борба против тероризмот и на 9 декември ќе претстават новата агенда за борба против тероризмот, Јохансон рече:

„Нашата борба против тероризмот специјално не е насочена против која било религија или политички убедувања. Нашата борба е против насилниот екстремизам и сите негови форми, односно тероризмот“.

Јохансон рече дека во борбата на ЕУ против тероризмот потребни се некои ажурирања и иновации, меѓу кои вклучително зајакнување на надворешните граници на ЕУ, правилно регулирање на продажбата на огнено оружје, недозволување говор на омраза и пропаганда на интернет, отстранување на вакви содржини од интернет за кратко време, зголемување и зајакнување на соработката меѓу полициските служби на земјите членки, обработка на Шенгенската база на податоци на лицата кои можат да предизвикаат терористичка закана со цел да се спречи влезот на терористите во Шенген-зоната.

Наведувајќи дека треба да се развие систем што ќе овозможи споделување на податоци како што се ДНК, отисоци од прсти и информации за регистарските таблички на лица вклучени во криминал, Јохансон рече дека тие исто така ќе работат на социјална кохезија и сакаат да напредуваат за прашања како што се интеграцијата на имигрантите.



Слични вести