Алијев ги посети двата града кои беа ослободени од ерменска окупација

„Ова се куќите на азербејџанските граѓани уништени од бруталниот непријател

1528835
Алијев ги посети двата града кои беа ослободени од ерменска окупација
Aliyev.jpg
Aliyev 7.jpg
Aliyev 6.jpg
Aliyev 5.jpg
Aliyev 4.jpg
Aliyev 3.jpg
Aliyev 2.jpg

 

Азербејџанскиот претседател Илхам Алијев ги посети градовите Фузули и Џебраил, кои беа ослободени од окупацијата на Ерменија.

На фотографиите коишто претседателот Илхам Алијев ги сподели преку страницата на Инстаграм на сопругата Михрибан Алијева, се гледа како претседателот Алијев овие посети ги остварил со возилото коешто самиот го користел.

Алијев во објавата под сликите вели дека се наоѓаат во провинцијата Џебраил и одат во правец на историскиот мост Худаферин.

Алијев, покажувајќи ги разурнатите куќи наоколу, потенцира дека „Ова се куќите на азербејџанските граѓани уништени од бруталниот непријател“.

Алијев на сликите посочувајќи на реката Араз, вели: „Ова е границата меѓу Азербејџан и Иран; таа е граница на пријателство“.

На една друга слика споделена на мрежите на социјалните медиуми, се гледа како Илхам Алиев го бакнува и го крева знамето на Азербејџан.



Слични вести