Алијев ја посети фронталната линија на судирите со Ерменија

Алијев, облечен во воена униформа, бил дочекан со голем ентузијазам од луѓето во населените места во провинцијата Фузули

1528726
Алијев ја посети фронталната линија на судирите со Ерменија

 

Азербејџанскиот претседател Илхам Алијев ја посети фронталната линија на судирите со Ерменија.

На сликите споделени на социјалните мрежи, се гледа како Алијев, облечен во воена униформа, бил дочекан со голем ентузијазам од луѓето во населените места во провинцијата Фузули.

Алијев излегувајќи од неговиот автомобил ја поздравува јавноста, а граѓаните ја покажуваат својата љубов со извикување пароли.

Граѓаните кои скандираат „Карабах“ и „Илхам“ овие моменти ги снимаа со своите мобилни телефони.



Слични вести