Разменети мртвите тела на азербејџанските и ерменските војници кои загинаа во судирите во Шуша

Со посредство на руските војници на задача во Нагорно Карабах се разменети мртвите тела на ерменските и азербејџанските војници кои загинаа во судирите во градот Шуша, во Нагорно Карабах

1527669
Разменети мртвите тела на азербејџанските и ерменските војници кои загинаа во судирите во Шуша

Разменети мртвите тела на азербејџанските и ерменските војници кои загинаа во вооружените судири во градот Шуша во Нагорно Карабах.

Во објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан се истакнува дека со посредство на руските војници на задача во Нагорно Карабах се разменети мртвите тела на ерменските војници кои загинаа на бојното поле.

Во соопштението се истакнува дека се предадени на Азербејџан мртвите тела и на 6 азербејџански војници.

Инаку, согласно потпишаниот договор за прекин на огнот со посредство на Русија помеѓу Азербејџан и Ерменија се предвидува и размена на мртвите тела на загинатите војници и заробениците помеѓу двете земји.

Азербејџанската армија го спаси градот Шуша во Нагорно Карабах од ерменска окупација на 8 ноември.



Слични вести