Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон: Исламот не претставува закана за Европа

Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон даде изјава за официјалната државна новинска агенција на Шведска „ТТ“ кадешто истакна дека исламот не претставува закана за Европа

1527602
Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон: Исламот не претставува закана за Европа

Министрите за внатрешни работи на Европската унија (ЕУ) на одбележувањето на 5. годишнина од извршените напади во театарот Батаклан и стадионот „Стад де Франс“ во главниот град на Франција Париз во кои загинаа 130 лица, одржаа состанок посветен на борбата против тероризмот.

По состанокот еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон даде изјава за официјалната државна новинска агенција на Шведска „ТТ“ кадешто истакна дека исламот не претставува закана за Европа.

Јохансон појасни дека исламот и миграцијата не претставуваат закана за Европа и дека треба да се води борба против фанатизираните со екстремистички размислувања.

Таа рече: „Исламот не е закана. Религијата не е закана. Закана се терористите. Треба да се води борба против екстремистите кои на изглед како да се исламисти и против екстремните десничари. И миграцијата не е закана за Европа.“

Критикувајќи ја и идејата (размислувањето) на верските личности имамите (оџите) да им се дава образование во согласност со западните вредности, еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон ја изнесе следната констатација: „Не мислам дека меѓу надлежностите на Европската унија (ЕУ) се наоѓа прашањето да им се дава образование на верските личности.“



Слични вести