Во последните напади во Авганистан загинаа најмалку 16 припадници на безбедносните сили
Во напад на талибанските милитанти врз воена база во провинцијата Кундуз загинаа 12 припадници на безбедносните сили, а 11 мина се ранети, додека во експлозија на бомба во западниот дел на Кабул загинаа четворица авганистански војници, а 5 мина се ранети

Во реализиран напад од страна на талибанските милитанти во провинцијата Кундус во Авганистан загинаа 12 припадници на безбедносните сили.
Според веста на „Tolo News“, претседателот на градскиот совет на Кундуз Мухамед Јусуф Ајуби соопшти дека милитантите извршија напад на воената база Бала Хисар во населеното место Имам Сахип.
Ајјуби рече дека во нападот загинаа 12 припадници на безбедносните сили, а 11 мина се ранети.
Во нападот се убиени најмалку 7 талибански милитанти.
Во меѓувреме, и во објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Авганистан се истакнува дека при експлозија на бомба поставена во возило во населеното место Пагман во западниот дел на главниот град Кабул загинаа четворица авганистански војници, а 5 мина се ранети.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.