Продолжуваат демонстрациите во Ерменија

Пашинјан: „Договорот за прекин на огнот со Азербејџан во Нагорно Карабах е лош, но не треба да се влошува ситуацијата.“

1527139
Продолжуваат демонстрациите во Ерменија

 

Продолжуваат демонстрациите за оставка на Владата во Ерменија поради потпишувањето на договорот со кој се стави крај на конфликтот со Азербејџан во Нагорно Карабах.

На демонстрациите организирани од опозициските партии пред Плоштадот на слободата и Институтот Матенадаран во Ереван, главниот град на Ерменија учествуваа илјадници луѓе.

Демонстрантите кои реагираат на прифаќањето на поразот на премиерот Никол Пашијан во Нагорно Карабах наспроти Азербејџан, бараата оставка на Владата.

За време на демонстрациите, приведени се над од 60 лица.

Од друга страна, ерменскиот премиер Никол Пашинјан во обраќањето до нацијата рече дека договорот за прекин на огнот со Азербејџан во Нагорно Карабах е лош, но не треба да се влошува ситуацијата.

Пашинијан рече: „Да не го потпишевме договорот, 20 илјади војници во Карабах ќе беа опколени. Договорот не значи дека е ставен крај на прашањето Карабах“.



Слични вести