Пакистанскиот премиер Имран Хан: Целиот свет признава дека Нагорно Карабах му припаѓа на Азербејџан

Пакистанскиот премиер Имран Хан истакна дека целиот свет признава дека Нагорно Карабах му припаѓа на Азербејџан и дека Азербејџанците само си ги вратија назад своите области

1527475
Пакистанскиот премиер Имран Хан: Целиот свет признава дека Нагорно Карабах му припаѓа на Азербејџан

Пакистанскиот премиер Имран Хан даде изјави за еден локален телевизиски канал при што се осврна и на ослободувањето од страна на Азербејџан на областите од клучно значење во Нагорно Карабах.

Имран Хан истакна дека целиот свет признава дека Нагорно Карабах му припаѓа на Азербејџан и дека Азербејџанците само си ги вратија назад своите области.

„Тие (Азербејџанците) покажаа храброст која што служи за пример. Во врска со Нагорно Карабах не постои дискусија. Целиот свет признава дека Нагорно Карабах му припаѓа на Азербејџан. Тие (Азербејџанците) само си ги вратија назад своите области.“ - рече Хан. 

Велејќи дека неговата земја се наоѓа под притисокот на некои земји за да го признае Израел, Хан подвлече дека неговата земја не размислува да го признае Израел се додека не се постигне компромис на начин со којшто ќе биде задоволен палестинскиот народ. 

Имран Хан одговараше на едно поставено прашање во врска со иднината на односите помеѓу Пакистан и Соединетите Американски Држави (САД) по изборот на Џо Бајден за нов претседател, и притоа истакна дека нема да има промена во политиката на Вашингтон кон Авганистан, а која има за цел со постигнување компромис да се стави крај на 19 годишните судири во оваа земја.

Алудирајќи на укинувањето на специјалниот статус на Џаму и Кашмир минатата година на 5 август од страна на властите во Њу Делхи, Хан укажа на тоа дека по овој датум се потрошени опциите на Индија.

Пакистанскиот премиер Имран Хан истакна дека позицијата на управата на Њу Делхи во регионот резултира со тоа што никој не се приклучува кон проиндиската политика и го рече следното: „Дури и нејзините традиционални сојузници ја напуштија Индија.“

 



Слични вести