Ерменците кои го напуштаат реонот Келбеџер ги палат куќите и шумите

На објавените снимки од страна на руските медиуми и социјалните медиуми, се гледа како Ерменците кои живеат во различни делови на реонот Келбеџер при повлекување ги палат и оштетуваат куќите, а ги палат и шумите

1527448
Ерменците кои го напуштаат реонот Келбеџер ги палат куќите и шумите

Ерменците кои согласно постигнатиот договор со посредување на Русија помеѓу Азербејџан и Ерменија го напуштаат реонот Келбеџер во северозападниот дел на Нагорно Карабах кој 27 години го држат под окупација, ги палат куќите и шумите.

На објавените снимки од страна на руските медиуми и социјалните медиуми, се гледа како Ерменците кои живеат во различни делови на реонот Келбеџер при повлекување ги палат и оштетуваат куќите.

Останатите здрави работи од куќите коишто жителите на Келбеџер беа принудени да ги остават пред 27 години без притоа да земат ништо, од страна на Ермените кои беа потоа населени и одреден период живеат овде се откорнуваат дури и вратите, прозорците, мебелот и опремата од купатилата, а потоа ги палат куќите.

Ерменците освен куќите ги палат и шумите наоколу.

Реонот Келбеџер кој се наоѓа во западниот дел на Азербејџан на границата со Ерменија, во северозападниот дел на Нагорно Карабах, е окупаран во 1993 година.

Притоа приближно 60 илјади Азербејџанци кои живееја во градот Келбеџер и во околните 128 населени места и села, беа протерани и беа принудени да ги напуштат своите домови, по што се населија во различни области на Азербејџан.

Потоа во реонот Келбеџер кадешто претходно (пред ерменската окупација) немаше ерменско население, од различни места беа донесени Ерменци и реонот незаконски беше населен со ерменско население.

Согласно постигнатиот договор со посредување на Русија, помеѓу Азербејџан и Ерменија на 10 ноември, ерменската армија треба целосно да го напушти реонот Келбеџер до 15 ноември и да го предаде на Азербејџан.



Слични вести