Блискиот исток по Трамп

Анализа на доц. д-р Мурат Јешилташ, директор за безбедносни истражувања при Фондацијата за политички, економски и општествени истражувања (СЕТА) посветена на претседателските избори во САД

1527120
Блискиот исток по Трамп

 

По претседателските избори во САД на 3 ноември 2020 година, републиканецот Трамп ја загуби позицијата наспроти демократот Бајден. Иако официјалните резултати од изборите сè уште не се објавени, Бајден ја прогласи својата победа, додека Трамп продолжува со своите приговори. Основното тврдење на Трамп е дека на изборите имало нерегуларности поради што Републиканците се поделени на два дела. Додека некои од нив го изнесуваат мислењето дека Трамп треба да го прифати поразот, другите го изнесуваат ставот дека Трамп треба да ја продолжи борбата без да ги прифати изборните резултати. Иницирањето на судскиот процес од страна на Трамп најверојатно нема да ги промени изборните резултати и во јануари 2021 година Бајден ќе го заземе местото како нов претседател на Соединетите Американски Држави (САД). Правејќи споредба со резултатите од изборите во последните сто години, Бајден на изборите победи со најголем број гласови. Ова на прв поглед значи голема победа; но сепак, Бајден го очекува многу тежок процес.

На врвот на овие тешки и предизвикувачки процеси е борбата против епидемијата на корона. За време на изборната кампања, Бајден ја објави својата стратегија за борба против короната. Сепак, случаите на заразени од корона во САД, секој изминат ден и натаму продолжуваат да се зголемуваат. Дневниот број на смртни случаи изнесува над илјада лица. Оваа состојба ќе го принуди Бајден првата година од неговото претседателствување да ја посвети на короната. Друго важно прашање покрај короната со кое Бајден треба да се справи е економијата. Имено американската економија се соочува со сериозна контракција поради епидемијата на корона. Факторите како што се бројките за невработеност, владините стимулативни пакети и стагнацијата во глобалната економија го зголемуваат притисокот врз американската економија. Темите што ќе ја окупираат агендата на Бајден во првата година не се ограничени само со наведените. Бајден треба да ја ублажи тешката социјална поларизација на ерата на Трамп. Моментално се соочува и со масовен „црн револт“. Расистичките дебати што започнаа со настаните предизвикани по смртта на Флојд исто така се голем предизвик за Бајден кој за време на изборната кампања даде сериозни ветувања дека ќе се справи со овој проблем и ќе најде решенија. Сепак, решавањето на ова прашање нема да биде така лесно.

Едно друго важно прашање што го привлекува интересирањето и вниманието на јавноста за време на претседателството на Бајден е надворешната политика. Бајден својата ера ја опиша како обновување на американската моќ и лидерство. Со други зборови, Бајден ќе се обиде да го врати престижот на САД, кои го изгубија својот углед и влијание за време на Трамп и ќе преземе чекори повторно да се почувствува влијанието на Вашингтон во меѓународната политика. Во овој контекст, Бајден најави дека штом ќе го преземе претседателствувањето, Соединетите Американски Држави  веднаш ќе се вратат кон Парискиот договор за климатските промени, од кој Трамп се повлече. Преземањето чекори за враќање од одлуката на Трамп за намалување на американската помош за Светската здравствена организација исто така ќе биде еден од првите избори на Бајден во надворешната политика.

Едно прашање кое буди голема љубопитност е која ќе биде новата надворешна политика на САД кон Блискиот исток. Сосема е јасно дека Бајден нема да ја следи надворешно-политичката линија на Трамп. Всушност, во неговите претходни изјави за нуклеарното прашање во Иран, тој даде индиции за иранската политика. Враќањето во Иранскиот нуклеарен договор е една од овие опции. Но, каков договор ќе биде ова е едно друго прашање кое исто така буди љубопитност. Во однос на израелското прашање, меѓу опциите се наоѓа и откажување од политиката на Трамп за давање „отворен чек на Израел“. Под водство на Бајден, може да се намали маневарскиот простор на Израел. Саудиска Арабија е една друга земја којашто ќе биде погодена од политиката на отворен чек. Можеме да кажеме дека убиството на новинарот Кашоги ќе има ефективно влијание во пристапот на Бајден кон Саудиска Арабија. Актерите како ОАЕ и Египет можеби ќе треба да ги прилагодат своите позиции. Најавата на Бајден за сеопфатна стратегија за Сирија е меѓу опциите. Од тој аспект, на ум доаѓаат односите меѓу САД и Турција. Голем број аналитичари велат дека кризата во турско-американските односи уште повеќе ќе се продлабочи. Но сепак, сеуште е рано е да се каже ова.

Имаше радикални промени во геополитиката на регионот. Дури и ако Бајден посака, ќе видиме дали тој може да ја промени оваа промена и повторно САД да ги претвори во престижен актер на Блискиот исток. Сепак, можеме да кажеме дека неговата работа воопшто не е лесна.



Слични вести