Во Германија испратени писма со навреда до две џамии

Во испратените писма по пошта до Џамијата Шехитлик и Џамијата Спаишинген Фатих на Турско-исламската унија за верски прашања (DİTİB) во германскиот главен град Берлин, се внесени изрази со навреда против исламската религија и муслиманите

1526261
Во Германија испратени писма со навреда до две џамии

Во Германија се испратени писма со навреда до две џамии.

Во испратените писма по пошта до Џамијата Шехитлик и Џамијата Спаишинген Фатих на Турско-исламската унија за верски прашања (ДИТИБ) во германскиот главен град Берлин, се внесени изрази со навреда против исламската религија и муслиманите.

Претседателот на Здружението на Џамијата Шехитлик на ДИТИБ во Берлин Јакуп Ајар, истакна дека во текот на оваа година до нивната џамија се испратени 6 писма со слична содржина со навреди и дека ниту еден од овие случаи не е решен, односно сторителот или сторителите не можеа да се пронајдат.

Претседателот на Џамијата Спаишинген на ДИТИБ Зекерија Шахин исто така истакна дека откако го виделе испратеното писмо фрлено во поштенското сандаче веднаш за тоа ја известиле полицијата, а воедно посака што поскоро да бидат фатени и предадени на правдата сторителот или сторителите.



Слични вести