Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани рекордни 1.321 новозаразен и 26 починати

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани рекордни 1.321 нов случај на коронавирусот (Ковид-19) со што вкупниот број на регистрирани случаи се зголеми на 42.540, а со уште 26 починати бројот на смртните случаи изнесува 1.212

1526191
Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани рекордни 1.321 новозаразен и 26 починати
Kuzey Makedonya Koronavirüs.jpg
fransa korona super foto 3.jpg
fransa korona super foto.jpg
Yunanistan Koronavirüs Covid-19_4.jpg
tunus koronavirüs.jpg
DÜNYADA KORONA (6).jpg
DÜNYADA KORONA (8).jpg
suudi arabistan koronavirus
super foto korona roma.jpg
super foto korona paris.jpg
super foto korona las vegas.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1 милион 289 илјади 747 лица, на случаите на зараза изнесува над 52 милиони 442 илјади, а досега оздравеа повеќе од 36 милиони 677 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 247 илјади 397 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 10 милиони 708 илјади 630.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 163 илјади 406 лица, а на случаите на зараза изнесува 5 милиони 749 илјади 007 лица. 

Во Мексико, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 96.430, а на случаите на зараза достигна до 986.177 лица. 

Во Велика Британија, која е земја со најголем број починати во Европа, бројот на смртните случаи со раст за уште 595 лица во изминатите 24 часа се искачи на вкупно 50.365. За еден ден во земјата се регистрирани 22.950 новозаразени со што бројот на инфектираните достигна до 1 милион 256 илјади 725 лица.

Во Италија, со раст за уште 623 починати во изминатите 24 часа бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 42.953 лица. Во изминатите 24 часа се регистрирани 32.961 новозаразен со што бројот на случаите на зараза изнесува вкупно 1 милион 028 илјади 424 лица. Здруженијата на лекарите и медицински сестри во земјата укажуваат дека почнаа да се доживуваат тешкотии во капацитетите на болниците.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте истакна дека применувањето на карантин на територијата на целата земја во однос на вториот бран не претставува прва опција.

Во Франција, бројот на смртните случаи од Ковид-19 со раст за уште 329 лица во изминатите 24 часа се зголеми на вкупно 42.535 лица, а бројот на инфектираните со раст за 35.879 нови случаи достигна до 1 милион 865 илјади 538 лица.

Во Шпанија, бројот на смртните случаи се искачи на 40.105, а на случаите на зараза изнесува 1 милион 463 илјади 093 лица. Шпанската влада донесе одлука почнувајќи од 23 ноември да се бара негативен резултат од PCR тестирање од патниците кои ќе дојдат од ризични земји.

Во Германија, починаа 12.082, а се регистрирани вкупно 726.176 лица.

Во Канада, бројот на смртните случаи се зголеми на 10.692, додека според податоците на федералното министерство за здравство, во последната една недела бројот на случаите на зараза се зголеми за 36.830 лица и достигна до вкупно 276.466.

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се потврдени 26 починати, а се регистрирани рекордни 1.321 нов случај на зараза од коронавирусот (Ковид-19). На тој начин вкупниот број на смртни случаи во Северна Македонија се зголеми на 1.212, а на инфектираните од овој вирус се искачи на 42.540 лица.

Во Грција, кадешто од Ковид-19 починаа 909 лица, бројот на случаите на зараза достигна до 63.321. Во рамките на преземените превентивни мерки времетраењето на донесената забрана за излегување на улица (движење) којашто се применува на територијата на целата земја од 5 часа е покачено на 8 часа.  

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 8 милиони 684 илјади 039 инфектирани е во положба на втора земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 128.165 лица.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 31.593, а на случаите на зараза изнесува 1 милион 836 илјади 960 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 39.664 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 715.068. 

Во Ирак, бројот на починатите се зголеми на 11.482 лица, а на случаите изнесува 508.508.

Во Пакистан, од Ковид-19 животот го загубија 7.055 лица, бројот на случаите на зараза се зголеми на 349.992.

Во Израел, бројот на смртните случаи изнесува 2.700, а на инфектираните достигна до 321.326 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 46.357 лица, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 930 илјади 482.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 20.011 а потоа следуваат Египет со 6.405, Мароко 4.506, Тунис 2.100, Алжир 2.093, Етиопија 1.545, Кенија 1.180, Нигерија 1.162, Судан 1.116, Камерун 433 починати.

 

 



Слични вести