Илхам Алиев: Ерменија ќе плати отштета за причинетата штета во Нагорно Карабах

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев истакна дека Ерменија ќе плати отштета за причинетата штета во Нагорно Карабах

1526560
Илхам Алиев: Ерменија ќе плати отштета за причинетата штета во Нагорно Карабах

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев ги посети војниците кои се ранети за време на реализираните операции во Нагорно Карабах.

Алиев истакна дека Ерменија ќе плати отштета за причинетата штета во Нагорно Карабах.

Велејќи дека Ерменија ги уништи и срамни со земја цивилните населени места, училиштата, болниците, историските споменици и знаменитости, месџидите и гробиштата во областите коишто ги окупира, Алиев појасни дека се споделуваат снимките од сето тоа.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев информира дека со учество на меѓународни експерти ќе се пресмета причинетата материјална и духовна штета и ќе се покрене тужба против Ерменија во меѓународните судови.

„Ерменија ќе плати отштета.“ - рече Алиев.



Слични вести