Ерменската армија го напушти Келбеџер, во Шуша по изминати 28 години се слушна езан

Ерменија се повлече од азербејџанското населено место Келбеџер во склопот на потпишаниот договор со Азербејџан и Русија за ставање крај на вооружените судири во Нагорно Карабах коишто се водеа во текот на 44 дена

1526439
Ерменската армија го напушти Келбеџер, во Шуша по изминати 28 години се слушна езан

Ерменската армија го напушти азербејџанското населено место Келбеџер кое 28 години како се наоѓаше под окупација.

Ерменија се повлече од азербејџанското Келбеџер во склопот на потпишаниот договор со Азербејџан и Русија за ставање крај на вооружените судири во Нагорно Карабах коишто се водеа во текот на 44 дена.

Во рамките на 6-от член од договорот на Ерменија и е дадено рок да се повлече од Келбеџер до 15 ноември, а од Лачин до 1 декември. 

Од друга страна, во градот Шуша кој е ослободен од окупација од страна на азербејџанската армија и е симбол град на Нагорно Карабах, по изминати 28 години за прв пат се слушна езан. 

На споделената снимка преку социјалната медија се гледа како еден азербејџански војник качен на минарето на историската џамија Јукари Ѓовхер Ага во градот Шуша, чита езан.

Градот Шуша, освен тоа што е едниот од историските и културните симболи на Азербејџан, располага и со стратешко значење, и тоа и по неговата географска местоположба со поглед над областа и по тоа што се наоѓа на патот што води кон Ханкенди, најголемиот град на Нагорно Карабах.

Градот Шуша беше окупиран од страна ерменските сили на 8 мај 1992 година. 

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев на 8 ноември соопшти дека градот Шуша е ослободен. 



Слични вести