Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија има 1.156 починати, 40.275 се инфектирани

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 515 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) со што вкупниот број на регистрирани случаи се зголеми на 40.275, а со уште 20 починати бројот на смртните случаи изнесува 1.156 лица

1524764
Состојбата со Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија има 1.156 починати, 40.275 се инфектирани
super covid19 ispanya
super covid19 fransa
super covid19 abd new york
Covid-19.jpg
super covid19 fransa
super covid19 abd
super covid19 4.jpg
süper covid19.jpg
moskova covid.jpg
fransa korona super foto.jpg
DÜNYADA KORONA (6).jpg
super foto korona las vegas.jpg
super foto korona roma.jpg
super foto korona paris.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1 милион 269 илјади 451 лице, на случаите на зараза изнесува над 51 милион 729 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 36 милиони 327 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 245 илјади 514 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 10 милиони 529 илјади 755.

Во Италија, со раст за уште 580 починати во изминатите 24 часа бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 42.330 лица. Во изминатите 24 часа се регистрирани дури 35.098 новозаразен со што бројот на случаите на зараза во земјата достигна до вкупно 995.463 лица. Во печатот се објавени вести дека во градот Наполи паралелно со растот на бројот на случаите на зараза од вирусот се намалува и капацитетот на легла во болниците, како и недоволноста од апарати за кислород.

Во Франција, бројот на смртните случаи во изминатите 24 часа со постигнат рекорд во последните 6 месеци со раст од 857 починати се зголеми на вкупно 42.207 лица, а бројот на инфектираните лица со 22.180 новозаразени достигна до 1 милион 829 илјада 659 лица. Француската Централна банка прогнозира дека поради новите превентивни мерки коишто се ставени во примена поради епидемијата на Ковид-19 во текот на овој месец ќе дојде до намалување за 12 отсто на економските активности во земјата.

Во Украина, кадешто има 8.756 човечки загуби и над 480 илјади регистрирани случаи на зараза, украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека добил позтивен тест на новиот тип коронавирус (Ковид-19). Зеленски во својата споделена објава на профилот на Телеграм го напиша следното: „Голем број лица раскажуваат за Ковид-19. Ќе го пребродам и јас. Сѐ ќе биде убаво.“

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се потврдени 20 починати, а се регистрирани 515 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19). На тој начин вкупниот број на смртни случаи во Северна Македонија се зголеми на 1.156, а на инфектираните од овој вирус се искачи на 40.275 лица.

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница донесе повеќе одлуки и заклучоци кои се однесуваат на мерките за спречување и заштита од ширењето на коронавирусот и од својата Програма за работа и од интерес за граѓаните. Владата донесе одлука за забрана за собирање во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор и наместо по 21:00 часот забраната ќе трае во текот на целиот ден, цела седмица и со точно дефинирани исклучоци од оваа забрана.

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други земји во светот изнесува вака:

Бразил (162.628), Мексико (95.027), Велика Британија (49.238), Шпанија (39.345), Перу (34.943), Аргентина (33.560), Колумбија (32.974), Чиле (14.588), Еквадор (12.839), Белгија (13.055), Канада (10.553). 

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 8 милиони 591 илјада 075 инфектирани е во положба на втора земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 127.124 лица.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 30.793, а на случаите на зараза изнесува 1 милион 796 илјада 132 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 38.749 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 692.949. 

Во Ирак, бројот на починатите се зголеми на 11.380 лица, а на случаите изнесува 501.733.

Во Пакистан, од Ковид-19 животот го загубија 6.977 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 344.839.

Во Израел, бројот на смртните случаи изнесува 2.678, а на инфектираните достигна до 319.888 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 45.679 лица, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 902 илјади 532.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 19.845 а потоа следуваат Египет со 6.380, Мароко 4.356, Алжир 2.062, Етиопија 1.530, Нигерија 1.158, Кенија 1.130, Судан 1.115, Камерун 433 починати.

 

 

 



Слични вести