Путин: „Се надевам дека примирјето ќе обезбеди воспоставување долготраен мир“

Со големо задоволство сакам да изразам дека постигнавме договори за суспендирање на крвопролевањето

1525259
Путин: „Се надевам дека примирјето ќе обезбеди воспоставување долготраен мир“

 

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека го поздравуваат прогласувањето на примирјето во Нагорно Карабах.

„Се надевам дека овие последни чекори што ги презедовме ќе обезбедат долгорочен мир за народите во Азербејџан и Ерменија“.

Владимир Путин преку видео конференција учествуваше на самитот на лидерите на Шангајската организација за соработка и ја оцени синоќешната одлука  за прекин на огнот меѓу Азербејџан и Ерменија.

Путин случувањата во Карабах ги оцени како „трагедија“.

„Со големо задоволство сакам да изразам дека постигнавме договори за суспендирање на крвопролевањето. Се надевам дека овие последни чекори што ги презедовме ќе обезбедат долгорочен мир за народите во Азербејџан и Ерменија“.

Азербејџан и Ерменија потпишаа договор со кој почнувајќи од 00:00 часот, на полноќ според турско време започнува примирјето меѓу двете земји.

Според договорот, Азербејџан и Ерменија ќе останат на позициите што ги контролираат, а Ерменија до крајот на месецот ќе ги евакуира окупираните провинции Лачин, Келбеџер и Агдам.

Во рамките на договорот со кој се предвидува распоредување на руски мировници во регионот, ќе се формира контролен центар составен од турски и руски војници.



Слични вести