Победнички говор на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев: Извојувавме славна победа

Претседателот Алиев истакна дека постигнатиот договор претставува извојувана славна победа и дека реонот Келбеџер ќе му се предаде на Азербејџан на 15 ноември, реонот Агдам на 20 ноември, а реонот Лачин на 1 декември

1524927
Победнички говор на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев: Извојувавме славна победа

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев синоќа и се обрати на нацијата кадешто одржа победнички говор во кој истакна дека синоќа на полноќ во 00:00 часот по локално време стапи во сила прекин на огнот и дека со потпишаниот договор се става крај на судирите во Нагорно Карабах помеѓу Азербејџан и Ерменија.

Алиев рече дека е потпишана заедничка декларација меѓу Азербејџан, Ерменија и Русија, а потоа ги прочита членовите на декларацијата.

Илхам Алиев во своето обраќање до нацијата соопшти дека се прекинати операциите и дека Азербејџан и Ерменија ќе останат на своите сегашни позиции.

Претседателот Алиев нагласи дека постигнатиот договор претставува извојувана славна победа и  дека реонот Келбеџер ќе му се предаде на Азербејџан на 15 ноември, реонот Агдам на 20 ноември, а реонот Лачин на 1 декември.

Велејќи дека на контакт линијата во Нагорно Карабах и во коридорот Лачин ќе бидат распоредени 1960 руски војници мировни сили наоружани со лесно оруже, со 90 оклопни возила, Алиев информира дека руските мировни сили во Нагорно Карабах е останат во текот на 5 години и дека доколку не дојде до приговор од инволвираните страни (Ерменија и Азербејџан) овој рок ќе може да биде продолжен.

Илхам Алиев истакна дека бегалците ќе се вратат во своите домови, ќе бидат разменети заробениците и мртвите тела ќе бидат повторно наново воспоставени сите економски и комуникациски врски во регионот, а воедно ќе биде отворен и коридорот за транспорт помеѓу западните градови на Азербејџан и Автономната Република Нахчиван.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев му се заблагодари на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за поддршката што ја даде за време на судирите и го рече следното: „Во денешната декларација стои заедничка задача на мировните сили на Русија и Турција. Во врска со контактите во регионот создаваме еден целосно нов формат.“

Привлекувајќи внимание дека постигнатиот договор значи пораз за Ерменија, Алиев го истакна следното: „Пашинјан не го стави својот потпис на договорот по сопствена волја, туку со железната тупаница на Азербејџан. Овој договор е нашата славна победа. Од 27 септември досега се ослободени од окупација приближно 300 населени места со што е скршен ‘рбетот на ерменската армија. Пашинјан мораше да го попише овој договор.“

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во својот победнички говор што го одржа синоќа обраќајќи и се на нацијата им ја честита победата на жителите на областите кои се ослободени од окупација и на целиот азербејџански народ.

Нагласувајќи дека Азербејџан се одмазди за сите свои шехиди (загинати војници) и за жртвите од Хоџали, Алиев потсети дека целиот свет виде дека азербејџанскиот народ располага со непобедлива и железна волја.



Слични вести