Никол Пашинјан: Договорот го потпишав поради слабеење на армијата

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан рече: „Армијата рече дека треба да се застане. Бидејќи имаме проблеми, меѓутоа нема решение за нив или нашите ресурси се потрошени.“

1525313
Никол Пашинјан: Договорот го потпишав поради слабеење на армијата

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан кој зборуваше во живо на својот профил преку социјалната медија Фејсбук застана во одбрана на тоа дека договорот во врска со Нагорно Карабах го потпишал откако биле потрошени ресурсите на армијата.

„Армијата рече дека треба да се застане. Бидејќи имаме проблеми, меѓутоа нема решение за нив или нашите ресурси се потрошени.“ - рече Пашинјан.

Појаснувајќи дека освен недоволните воени ресурси е намален и бројот на војниците кои војуваат на фронтот и дека немаат резервни сили кои би дошле на нивно место, Никол Пашинјан го рече следното: „Оние кои војуваат треба да одморат. На фронтот имаше војници кои еден месец како не се заменети. Ерменија и управата на Нагорно Карабах одлучија дека што поскоро треба да се заврши војната. Во спротивно резултатите ќе беа многу потешки.“ 

Во врска со постигнатиот договор со којшто се прекинати судирите во Нагорно Карабах пак, ерменскиот премиер Никола Пашинјан во дадената изјава пред извесно време го рече следното: „И за мене самиот и за сите нас донесов една мошне тешка одлука. Со претседателите на Русија и Азербејџан потпишав декларација за завршување на војната во Карабах. Објавената декларација е неопишиво болна за мене и за нашиот народ.“

 



Слични вести