ЕУ изрази задоволство од прекинот на судирите помеѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

Петер Стано, еден од портпаролите на Европската комисија (ЕК), истакна дека чувствуваат задоволство од прекинот на судирите помеѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

1525341
ЕУ изрази задоволство од прекинот на судирите помеѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах

Европската унија (ЕУ) соопшти дека чувствува задоволство од прекинот на судирите по постигнатиот договор помеѓу Азербејџан и Ерменија во врска со кризата со Нагорно Карабах.

Петер Стано, еден од портпаролите на Европската комисија (ЕК), во дадената изјава на одржаната редовна дневна прес-конференција рече дека добиле информација за прогласениот прекин на огнот во врска со кризата помеѓу Азербејџан и Ерменија во Нагорно Карабах и дека чувствуваат задоволство од стопирањето на судирите.

Потсетувајќи дека Европската унија (ЕУ) претходно бројни пати упати повик во таа насока, Стано истакна дека чувствуваат жалење од тоа што до денеска ги загубија животите голем број лица.

Петер Стано рече: „Во моментов ги разгледуваме деталите за да ги разбереме подобро резултатите од прекинот на огнот.“



Слични вести