Ерменија го призна поразот пред Азербејџан во Нагорно Карабах

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан во објавеното соопштение на својот профил преку социјалната медија го истакна следното: „Со Русија и Азербејџан се договоривме за завршување на војната (во Нагорно Карабах)“

1524832
Ерменија го призна поразот пред Азербејџан во Нагорно Карабах

Ерменија го призна поразот пред Азербејџан во Нагорно Карабах.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан во објавеното соопштение на својот профил преку социјалната медија го истакна следното: „Со Русија и Азербејџан се договоривме за завршување на војната (во Нагорно Карабах).“

Внимание привлече тоа што Пашинјан во ова свое соопштение го го употреби следниот израз: „Со рускиот претседател Владимир Путин и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев потпишавме заедничко соопштение за прекин на огнот. Немав друга шанса. Тоа е крајно болно за мене и за ерменскиот народ.“

„Одлуката што ја донесов е донесена по направени длабоки (подробни) анализи и на основа на проценките на претпоставени и упатени лица компетенти во врска со воената состојба.“ - рече Пашинјан.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан се осврна и на протестите коишто се одржуваат од страна на народот против него во врска со што рече: „Секој оној кој го води и поттикнува народот на бунт ќе биде изнесен пред правдата.“

Во меѓувреме, голем број демонстранти кои за време на протестите против премиерот Никол Пашинјан претходно упаднаа во зградата на Владата во главниот град Ереван, овојпат влегоа во зградата на Парламентот и извикуваа слогани против Пашинјан.

Некои протестирачи од говорницата на Парламентот упатија повик за продолжување на судирите во Нагорно Карабах.

Инаку, азербејџанската армија од 27 септември наваму спроведува операција за ставање крај на ерменската окупација во Нагорно Карабах којашто трае приближно 30 години.



Слични вести