Фрацускиот министер Ле Дријан рече: „Имаме почит кон исламот“
Париз ја почитува исламската религија и на муслиманите гледа како дел од Франција

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан истакна дека „неговата земја ја почитува исламската религија“.
Жан-Ив Ле Дријан, кој по кампањата за бојкот против Франција во исламскиот и арапски свет, замина во посета на Египет, во главниот град Каиро се состана со неговиот колега Самих Шукри.
„Париз ја почитува исламската религија и на муслиманите гледа како дел од Франција. Она со што се бориме се радикализмот и тероризмот“, рече Ле Дријан на прес-конференција по состанокот.
Истакнувајќи дека на состанокот разговарале и за либиската криза, Ле Дријан изјави дека Франција и Египет сакаат платениците да се повлечат од Либија и да го почитуваат ембаргото за вооружување наметнато од Обединетите нации (ООН).
Египетскиот министер Шукри ја истакна важноста на воспоставувањето на палестинската држава, воспоставување на праведен и сеопфатен мир и решение кое ќе се заснова на две држави.