Азербејџанската армија ослободи од ерменска окупација уште 23 села

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев соопшти дека се ослободени од ерменска окупација уште 23 села кај градовите Фузули, Хоџали, Хоџавенд, Џебраил, Губадли, Зенгилан

1524535
Азербејџанската армија ослободи од ерменска окупација уште 23 села

Претседателот на Азербејџан Илхам Алиев соопшти дека азербејџанската армија ослободи од ерменска окупација уште 23 села.

Претседателот Илхам Алиев на својот профил на социјалната мрежа Твитер, ја сподели следната објава: „Победоносната азербејџанска армија ги ослободи од окупација селата Гобу Дилагарда, Јал Пирахметли, Јукари Јагливенд, Дилагарда, Сејид Махмудлу и Елесгерли кај Фузули, Демирџилер, Чанакчи, Медеткенд и Сигнак кај Хоџали, Сусанлик, Доми, Туг, Акаку и Азих кај Хоџавенд, Хусејналилар, Сојудлу и Ашаги Сирик кај Џебраил, Јукари Моллу, Ашаги Моллу и Хоџик кај Губадли, Кечикли и Ордекли кај Зенгилан. Да живее азербејџанската армија. Карабах е Азербејџан.“

Инаку, азрбјеџанската армија во рамките на започнатата операција на 27 септември во Нагорно Карабах претходно ослободи од ерменска окупација 5 града, 3 градчиња и некаде околу 240 села, како и некои значајни ридови.

 



Слични вести