Азербејџанската армиа им нанесе тешки загуби на ерменските безбедсни сили

Азербејџанската армија уништила 1 тенк Т-72, ​​1 хаубица од типот Д-30, 1 минофрлачка екипа и еден камион полн со муниција на ерменската армија

1524200
Азербејџанската армиа им нанесе тешки загуби на ерменските безбедсни сили

 

Азербејџанската армија им нанесе тешки загуби на ерменските сили, кои цела ноќ пукаа врз азербејџанските војници и населбите во различни насоки на фронтот.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за одбрана на Азербејџан, беше наведено дека судирите на фронтот продолжиле главно во насоките Агдере, Агдам, Хоџавенд и Кубадли.

Во соопштението во кое се наведува дека ерменските сили, кои биле изложени на сериозни загуби во последните 24 часа, морале да се повлечат од некои делови на фронтот поради губење на персонал и воена опрема, исто така беше истакнато дека азербејџанската армија уништила 1 тенк Т-72, ​​1 хаубица од типот Д-30, 1 минофрлачка екипа и еден камион полн со муниција.

Во соопштението беше привлечено внимание дека операциите продолжиле по целиот фронт и дека ситуацијата е под контрола на азербејџанската армија.



Слични вести