Победнички говор на Бајден: Ветувам дека ќе бидам претседател кој обединува, а не кој создава поделби
Новоизбраниот 46. претседател на Соединетите Американски држави (САД) Џо Бајден во својот победнички говор истакна дека ќе биде претседател кој обединува, а не кој создава поделби
Џо Бајден кој извојува победа на одржаните 59. претседателски избори на 3 ноември и стана нов 46. претседател на Соединетите Американски Држави (САД), победничкиот говор го одржа во градот Вилмингтон во сојузната држава Делавар заедно со својата помошничка од индиско-карибско потекло КамалаХарис која е избрана за потпретседателка на САД.
Бајден во својот говор истакна дека ќе биде претседател кој обединува, а не кој создава поделби.
Најпрвин Камала Харис се претстави себе си, а потоа Џо Бајден обраќајќи и се на нацијата го одржа својот победнички говор и истакна дека чувствува гордост од добиената доверба на граѓаните на САД.
„Ветувам дека ќе бидам претседател кој обединува, а не кој создава поделби. Ќе бидам претседател кој гледа само како САД, а не кој гледа како црвена или сина сојузна држава.“ - порача Бајден.
Камала Харис пак, која е избрана за потпретседателка на Соединетите Американски држави (САД) истакна дека граѓаните на САД ги избраа единството, правилното и науката и дека заедно ќе изградат подобра иднина.
Велејќи дека САД започнаа еден нов ден, Харис рече: „Можеби сум првата жена која дојде на оваа должност, меѓутоа нема да бидам последна.“
Камала Харис напомен адека патот што се наоѓа пред нив нема да биде лесен и го рече следното: „Избравме претседател кон кого ќе покажува почит светот.“
Слични вести

Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот
Бројот на оздравените од Ковид-19 во светот изнесува над 88.723.000