Азербејџанската армија уништи тенкови и топови на ерменската армија
Во објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан се истакнува дека азеребјџанската армија уништи 4 тенка „T-72“, 2 топа „D-20“ и неколку камиони натоварени со муниција

Азербејџанската армија им нанесува загуби на ерменските сили кои и покрај прогласениот прекин на огнот синоќа, во текот на целата ноќ, отворија оган врз азеребјџанските војници во различни правци на фронтот и врз азербејџанските цивилни населени места.
Во објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан се истакнува дека вооружените судири на фронтот продолжуваат претежно во правците на градовите Агдере, Агдам, Хоџавенд и Губадли.
Во соопштението се вели дека ерменските сили кои во изминатите 24 часа претрпеа серизен удар по изгубените војници и воената опрема се принудени на повлекување во некои области, а воедно се нагласува дека азеребјџанската армија уништи 4 тенка „T-72“, 2 топа „D-20“ и неколку камиони натоварени со муниција.
Се истакнува дека ерменската армија вчера реализира топовски гранатирања врз градовите Тертер, Берде, Агдам, Агџабеди и Губадли и дека има загинати и ранети меѓу цивилното население.
Во соопштението исто така се привлекува внимание дека операциите на азеребјџанската армија продолжуваат во должина на целиот фронт и се подвлекува дека контролата е кај азербејџанската армија.
Во соопштението на азербејџанското Министерство за одбрана се истакнува дека ерменската армија го прекршува прекинот на огнот и на границата помеѓу двете земји и дека од териториите на Ерменија е отворен оган врз азербејџанските позиции во градовите Товуз, Гебедеј и Дашкесен.
Слични вести

Урускиј: „Има многу работи коишто можат да се научат од Турција“
Турција не само одбранбената индустрија, туку ја разви целата индустрија како целина