Алијев: „Шуша ослободена од окупација“

Во операцијата што започна во Нагорно Карабах на 27 септември, азербејџанската армија од окупацијата на Ерменија ослободи 4 градови, 3 општини и околу 220 села и како и некои важни ридови.

1523891
Алијев: „Шуша ослободена од окупација“

 

Азербејџанскиот претседател Илхам Алијев рече дека градот Шуша, кој имаше критично значење за ослободувањето на Нагорно Карабах, конечно е ослободен од окупација.

Алијев радосната вест за ослободувањето на Шуша, кој 28 години се наоѓаше под окупација, ја објави во обраќањето до нацијата.

Илхам Алијев, најпрвин го посети гробот на покојниот претседател Хајдар Алијев и положи венец. Алиејв, кој ја пееше Националната химна на Азербејџан, оддаде почит со едноминутно молчење. Алијев, кој носеше воена униформа, беше придружуван од сопругата Михрибан Алијева.

Подоцна, Алијев ја посети Алејата на хероите во Баку, каде беа погребани жртвите на 20 јануари. Алиев положи венец на Споменикот на вечниот оган и и се обрати на нацијата.

Илхам Алијев му честиташе на народот објавувајќи дека азербејџанските војници го спасија градот Шуша. Нагласувајќи дека овој ден ќе биде забележан како важен ден во историјата на Азербејџан, Алијев рече:

"Шуша има посебно место во историјата на Азербејџан. Шуша не е само бисер на Азербејџан, туку и на целиот Кавказ. Гласот на езанот по 28 години ќе се чуе и во Шуша. Продолжува нашиот победоносен марш. Ако ерменската администрација не одговори на нашите барања, ние ќе одиме до крај. Крвта на жртвите на Хоџали не остана неодмаздена. Ние се одмаздивме на бојното поле“.

Шуша беше окупирана од Ерменија на 8 мај 1992 година.

Шуша беше основан во 1752 година од страна на карабахскиот хан Пенахали хан. Шуша е важен град не само за граѓаните на Шуша, туку и за сите Азербејџанци, бидејќи има многу историски споменици и тука се родени многу истакнати научници и културни личности.

Шуша покрај тоа што е град симбол на азербејџанската историја и култура, исто така има многу големо и стратешко значење бидејќи се на доминантна географска позиција во регионот и наоѓа на патот кон Ханкенди, најголемиот град на Нагорно-Карабах.

Во операцијата што започна во Нагорно Карабах на 27 септември, азербејџанската армија од окупацијата на Ерменија ослободи 4 градови, 3 општини и околу 220 села и како и некои важни ридови.



Слични вести