Во топовски напад на режимските сили на Асад во Идлиб загина едно четиригодишно девојче
Сириските режимски сили извршија топовски напад врз центарот на населеното место Ериха во јужното рурално подрачје на Идлиб во кој загина едно четиригодишно девојче
1523605

Во реализиран топовски напад од страна на силите на режимот на Бешар Асад во подрачјето на градот Идлиб во Сирија, загина едно четири годишно девојче.
Режимските сили извршија топовски напад врз центарот на населеното место Ериха во јужното рурално подрачје на Идлиб.
Хасан ал-Ахмед, еден од одговорните за медија на Цивилната одбрана (Белите Беретки), истакна дека во гранатирањето животот го загуби едно четиригодишно девојче.