Состојбата со Ковид-19 во светот: Северна Македонија со 37.499 случаи на зараза и 1.096 починати

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 1.128 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) со што вкупниот број на регистрирани случаи се зголеми на 37.499, а со уште 12 починати бројот на смртните случаи изнесува 1.096

1523612
Состојбата со Ковид-19 во светот: Северна Македонија со 37.499 случаи на зараза и 1.096 починати
super covid19 ispanya
super covid19 fransa
super covid19 ingiltere
super covid19 fransa
super covid19 abd new york
Covid-19.jpg
SPR Barcelona covid.jpg
süper covid19.jpg
super covid19 abd
super covid19 4.jpg
moskova covid.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1 милион 251 илјада 379 лица, на случаите на зараза изнесува над 49 милиони 830 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 35 милиони 383 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 242 илјада 294 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 10 милиони 066 илјади 452. Меѓу инфектираните од Ковид-19 се наоѓа и генералниот секретар на Белата куќа Марк Меадовс кој пред претседателските избори на 3 ноември патуваше заедно со претседателот Доналд Трамп и како последно во среда за време на изјавата на Трамп беше виден меѓу јавноста без маска.

Во Италија, со раст за уште 446 починати во изминатите 24 часа бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 40.638 лица. Во изминатите 24 часа се регистрирани 37.809 новозаразени што претставува најголем број на случаи на регистрирани за еден ден во земјата од февруари кога започна епидемијата досега. Бројот на случаите на зараза во Италија достигна до вкупно 862.681.

Во Франција, бројот на смртните случаи во земјата се зголеми на вкупно 39.865. Бројот на инфектираните лица во земјата во изминатите 24 часа со раст за уште 60.486 се искачи на 1 милион 661 илјада 853 лица.  Оваа бројка е највисока регистрирана бројка на зараза од почетокот на епидемијата во земјата и во Европа за еден ден. Поради врзиот раст на бројот на случаите на зараза од Ковид-19 на територијата на цела Франција се применува ограничување за излегување на улица (движење).

Во Германија, кадешто бројот на починатите изнесува 11.364 во изминатите 24 часа се регистрирани 23.399 новозаразени од Ковид-19. Ова е најголема регистрирана бројка на заразени за еден ден во земјата од почетокот на епидемијата досега. За прв пат дневната бројка на регистрирани новозаразени изнесува над 20 илјади лица и вкупнот број на случаите на зараза во Германија се искачи на 642.488.

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се потврдени 12 починати, а се регистрирани 1.128 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19). На тој начин вкупниот број на смртни случаи во Северна Македонија се зголеми на 1.096, а на инфектираните од овој вирус се искачи на 37.499 лица.

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во некои други земји во светот изнесува вака:

Бразил (162.035), Мексико (94.323), Велика Британија (48.475), Шпанија (38.833), Перу (34.783), Аргентина (33.136), Колумбија (32.405), Чиле (14.450), Еквадор (12.761), Белгија (12.708), Канада (10.436). 

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 8 милиони 471 илјада 456 инфектирани е во положба на втора земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 125.713 лица.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 30.251, а на случаите на зараза изнесува 1 милион 753 илјада 836 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 37.832 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 673.250. 

Во Ирак, бројот на починатите се зголеми на 11.283 лица, а на случаите изнесува 496.019.

Во Пакистан, од Ковид-19 животот го загубија 6.943 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 341.753.

Во Израел, бројот на смртните случаи изнесува 2.644, а на инфектираните достигна до 318.402 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка се зголеми на вкупно 44.722 лица, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 868 илјади 391.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 19.749 а потоа следуваат Египет со 6.343, Мароко 4.127, Алжир 2.024, Етиопија 1.512, Нигерија 1.155, Кенија 1.093, Судан 837, Камерун 429 починати.

 



Слични вести