Претседателските избори во САД: Трката помеѓу Бајден и Трамп продолжува

Во градот Филаделфија во сојузната држава Пенсилванија кадешто одржаа протести поддржувачите и на двајцата кандидати за претседател, Доналд Трамп и Џо Бајден, за да не дојде до било какви инциденти помеѓу двете страни полицијата постави огради

1523447
Претседателските избори во САД: Трката помеѓу Бајден и Трамп продолжува
ABD seçim Joe Biden ve Donald Trump.jpg
ABD SEÇİMLER SÜPER
ABD seçim.jpg
abd secim.jpg
abd baskanlik secim.jpg
abd trup-biden.jpg

Во градот Филаделфија во сојузната држава Пенсилванија кадешто продолжува броењето на гласовите од одржаните претседателски избори на 3 ноември во Соединетите Американски Држави (САД), протестираа и поддржувачите на републиканскиот кандидат актуелниот претседател Доналд Трамп и поддржувачите на демократскиот кандидат Џо Бајден.

Во градот кадешто одржаа протести поддржувачите и на двајцата кандидати за претседател, за да не дојде до било какви инциденти помеѓу двете страни полицијата постави огради. 

Откако почна броењето на испратените гласови по пошта во сојузната држава Пенсилванија кадешто водеше Доналд Трамп, резултатот се сврте во полза на Џо Бајден.

Сѐ уште не се разјаснети резултатите во сојузните држави Пенсилванија, Северна Каролна, Џорџија, Аризона, Невада и Аљаска кои се претставени со вкупно 71 електор т.е. делегат. 

На трката во Северна Каролина и Аљаска е во предност Трамп, а во Пенсилванија, Џорџија, Невада и Аризона поблиску до победа е Џо Бајден.

Според прелиминарните резултати во сојузните држави кадешто е завршено броењето на гласовите, кандидатот на Демократската партија и поранешен американски потпретседател Џо Бајден има освоено и води со 264 делегати, а кандидатот на Републиканската партија и актуелен американски претседател Доналд Трамп освои 214 делегати.

Кандидатот кој освојува поголем број гласови во една сојузна држава, во согласност со големината на таа држава според жителите ги добива сите делегати. На тој начин за извојување победа во трката за претседател на државата едниот од кандидатите треба да освои односно да „собере“ најмалку 270 од 538 делегати т.н. електори во Изборниот совет или колеџ.

Додека се уште не е разјаснет победникот, кандидатот на Републиканците и актуелен претседател Доналд Трамп сподели објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер.

Трамп напиша: „Бајден постапува неправилно со тоа што да соопштува дека е претседател. И јас можев да го тврдам истото. Правните постапки тек почнуваат.“

Велејќи дека на изборната ноќ водел во сите критични сојузни држави, но дека по еден ден на таинствен начин ја изгубил оваа предност, Доналд Трамп соопшти дека во тие сојузни држави ќе покренат правни постапки.

Во меѓувреме, е пренесено на суд броењето на гласовите во сојузната држава Пенсилванија кадешто до прексиноќа водеше Трамп, но потоа со започнување на броењето на гласовите по пат на пошта од вчера утрото премина во водство Џо Бајден. 

Републиканската партија се обрати до Врховниот суд за стопирање на броењето на гласовите во критичната сојузна држава Пенсилванија. 

Републиканската партија сака да се смета за неважечка предходно донесената одлука од страна на сојузниот суд за "броење на гласовите по пат на пошта коишто ќе пристигнат до 6 ноември". 

Досега се изброени 96 отсто од гласовите во Пенсилванија и според тоа Џо Бајден е во водство пред Доналд Трамп од приближно 13 илјади гласа.

Демократскиот кандидат Џо Бајден пак, со својата помошничка кандидатка за потпретседател Камала Харис даде нова изјава во сојузната држава Делавар.

Велејќи дека со добиени 74 милиони гласа добија најголем број гласови во историјата на САД, Бајден рече дека ќе стане првиот кандидат на Демократите кој по изминати 24 години ќе ја освои Аризона, а по изминати 28 години сојузната држава Џорџија.

Џо Бајден појасни дека изброените гласови покажуваат дека ќе ја добијат оваа трка и го рече следното: "Напредуваме на патот да освоиме 300 делегати."

Бајден истакна дека американските граѓани ми дадоа надлежност за борба против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), економијата, климатските промени и систематскиот расизам, а воедно посака од своите поддржувачи да бидат смирени.

Џо Бајден рече: „Демократијата функционира. Вашите гласови ќе бидат изброени. И покрај тоа што се обидуваат да го сопрат броењето на гласовите нема да го дозволам тоа.“



Слични вести