Кандидатот на демократите Џо Бајден победи на претседателските избори во САД

Кандидатот на демократите Џо Бајден, на одржаните 59. претседателски избори стана новиот46. претседател на Соединетите Американски Држави (САД)

1523706
Кандидатот на демократите Џо Бајден победи на претседателските избори во САД
Joe Biden.2.jpg

На одржаните 59. претседателски избори во Соединетите Американски Држави (САД) кои се одржаа на 3 ноември победи кандидатот на демократите и поранешен американски потпретседател Џо Бајден.

Според соопштените податоци од страна на Новинската агенција Асошиетед Прес (АП), кандидатот на демократите и поранешен американски претседател Џо Бајден го победи својот противник кандидатот на републиканците и актуелен претседател Доналд Трамп во сојузната држава Пенсилванија и извојува победа на одржаните претседателски избори.

Додека продолжува броењето на гласовите во сојузните држави Невада, Аризона, Северна Каролина и Џорџија, пред кусо време заврши броењето на гласовите во сојузната држава Пенсилванија.

Според податоците на Асошиетед Прес (АП), Бајден во Пенсилванија освои 49,6 отсто од гласовите и ги додаде на својата графа 20-те делегати со кои располага оваа држава.

На тој начин, веќе е и дефинирано дека Џо Бајден освои 284 делегати (електори) во Изборниот колеџ.

Дури и да би ги добил Трамп и останатите сојузни држави Џорџија, Невада и Аризона, а во кои моментално води Бајден, тоа нема да влијае на резултатот.

По извојуваната победа на Џо Бјаден на одржаните претседателски избори во САД, неговата помошничка Камала Харис исто така го запиша своето име во историјата како прва жена потпретседателка од имигрантско потекло.

Новата потпретседателка на САД Камала Харис како последно ја извршуваше должноста сенаторка од Калифорнија.

По соопштувањето на резултатите од одржаните 59. претседателски избори во САД не задоцнија и изјавите на кандидатите.

Новоизбраниот претседател на САД Џо Бјаден рече: „Чувствувам гордост од довербата што ми е покажана мене и на Харис која е избрана за потпретседателка.“

Кандидатот на републиканците и актуелен претседател Доналд Трамп пак, го рече следното: „Нема да престанам се додека народот се стекне со чесното броење на гласовите коешто го заслужува и демократијата што ја бара.“

 

 



Слични вести