Азербејџанската армија ги продолжува операциите против ерменските сили на окупираните територии
Во реализираните топовски истрели врз позициите на 5. планински полк на ерменската армија во правец на градот Агдере се уништени неколку возила и топови хаубици на ерменските сили

Азербејџанската армија им нанесува загуби на ерменските сили кои и покрај прогласениот прекин на огнот синоќа, во текот на целата ноќ, отворија оган врз азеребјџанските војници во различни правци на фронтот и врз азербејџанските цивилни населени места.
Во објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан се истакнува дека вооружените судири на фронтот продолжуваат претежно во правците на градовите Агдере, Агдам и Хоџавенд.
Во соопштението се вели дека ерменските сили по изгубените војници и воената опрема во некои области се принудени на повлекување.
Во реализираните топовски истрели врз позициите на 5. планински полк на ерменската армија во правец на градот Агдере се уништени неколку возила и топови хаубици на ерменските сили.
Во соопштението се истакнува дека има загинати војници меѓу војниците на првиот баталјон на 6. планински полк на ерменските сили и дека се неутрализирани и исклучени од функционирање и хаубиците на третата батерија на топовска дивизија D-30.
Во истото соопштение се нагласува дека продолжуваат операциите на азербејџанската армија во должина на целиот фронт.
Слични вести

Расте бројот на оздравените од Ковид-19 во светот
Бројот на оздравените од Ковид-19 во светот изнесува над 71.820.000