Продолжува неизвесноста на претседателските избори во САД: Бајден во водство пред Трамп

Води кандидатот на Демократите и поранешниот потпретседател Џо Бајден кој досега има освоено 264 делегати, додека актуелниот претседател и кандидат на Републиканците Доналд Трамп освои 214 делегати

1522730
Продолжува неизвесноста на претседателските избори во САД: Бајден во водство пред Трамп
ABD SEÇİM.2.jpg
ABD SEÇİM.1.jpg
trump vs biden.jpg
ABD SEÇİMLER SÜPER

Сѐ уште не се разјаснети резултатите од 59-тите претседателски избори во Соединетите Американски Држави (САД) на кои продолжува трката помеѓу двајцата кандидати за нов претседател, актуелниот претседател и кандидат на Републиканците Доналд Трамп и кандидатот на Демократите и поранешниот потпретседател Џо Бајден.

Не се прифатени барањата на Републиканците за тужба кои се обратија до сојузните судови со тврдење за нерегуларности во врска со броењето на гласовите.

Адвокатите на Трамп кои со образложение за „измама на изборите“ се обратија до сојузните судови и во Мичиген и во Џорџија, се вратија со празни раце.

Од страна на судовите и во двете сојузни држави се донесени одлуки во однос на тоа дека во изнесените тврдења за „нерегуларности на изборите“ не се доставени доволни докази.

Во меѓувреме, во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто кандидатот кој ќе освои најмалку 270 делегати ќе стане новиот претседател на државата, се уште продолжува процесот на броење на гласовите во сојузните држави Пенсилванија, Џорџија, Северна Каролина, Аризона, Невада и Аљаска.

Води кандидатот на Демократите и поранешниот потпретседател Џо Бајден кој досега има освоено 264 делегати, додека актуелниот претседател и кандидат на Републиканците Доналд Трамп освои 214 делегати.

Од друга страна, Доналд Трамп истакна дека по изборите ќе раководат доста многу со еден правен процес и дека можеби ќе се обратат и до Врховниот суд.

Актуелниот претседател и кандидат на Републиканците Доналд Трамп во врсака со резултатите кошто се уште не се разјаснети одржа прес-конференција во Белата куќа кадешто подвлече дека вложуваат напори за обезбедување на безбедноста на изборите и го рече следното: „Ако ги броите гласовите коишто се користени по законски патишта, јас лесно ги добивам овие избори! Ако ги броите незаконските гласови и гласовите кои се дојдени доцна, (Демократите) можат да ги украдат овие избори од нас. Ќе го следиме ова прашање.“

Велејќи дека моментално ги добиле изборите во значајни сојузни држави како што се Флорида, Ајова, Индијана и Охајо, Трамп констатира: „И покрај интервенцијата на најголемите медиумски, финансиски и технолошки компании, извојувавме победа.“

Тој укажа на тоа дека анкетите се излажаа и рече: „Анкетните компаниинамерно дадоа погрешни информации за време на овие избори. Ова е многу глупаво. Не дојде до син бран како што очекуваа, наместо тоа дојде до еден голем црвен бран. Анкетите во печатот сакаа да интервенираат на изборите.“

Доналд Трамп истакна дека го зачуваа мнозинството во Сенатот и дека не изгубија мандати и во Претставничкиот дом.

Демократскиот кандидат на претседателската трка во Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден пак, на својот профил на социјалната медија Твитер истакна дека никој не може да ја одземе демократијата од нивните раце.

„Никој не може да ја одземе демократијата од нашите раце, ниту сега, ниту пак потоа.“- рече Бајден.

Кандидатот на демократите Џо Бајден во својата претходно дадена изјава во сојузната држава Делавер истакна дека лично не се сомнева во тоа дека ќе победи на изборите и ги замоли своите поддржувачи да бидат смирени.

 



Слични вести