Продолжува броењето на гласовите и неизвесноста на претседателските избори во САД

И покрај тоа што изминаа два дена од денот на одржување на изборите сѐ уште е неизвесно кој од двајцата кандидати, Џо Бајден или Доналд Трамп, ќе стане нов претседател на државата

1523242
Продолжува броењето на гласовите и неизвесноста на претседателските избори во САД
ABD SEÇİM.1.jpg
ABD SEÇİMLER SÜPER
ABD seçim Joe Biden ve Donald Trump.jpg
abd seçimler süper
ABD seçim.jpg

На претседателските избори во Соединетите Американски Држави (САД), кандидатот на Демократите Џо Бајден премина во предност во сојузната држава Џорџија, едната од критичните сојузни држави за кои се очекува да го определат резултатот.

Според веста објавена во „Вашингтон пост“, во Џорџија кадешто се изброени 98 отсто од гласовите Бајден достигна до 2 милиони 449 илјади 371 глас, а неговиот противник Републиканскиот кандидат и актуелен претседател Доналд Трамп има освоено 2 милиони 448 илјади 454 гласа.

По новото ажурирање во резултатот на изборите, на трката во сојузната држава Џорџија на која заклучно со вчера Трамп беше во предност со разлика од 1.267 гласа, премина во водство Џо Бајден со разлика од 917 и резултатот се сврте во негова полза.

Продолжува броењето на гласовите во Џорџија која инаку располага со 16 делегати во Изборниот совет.

Според најнови добиени информации, Бајден премина во водство и во Пенсилванија, која е исто така едната од клучните сојузни држави за кои се очекува да го определи резултатот.

„Вашингтон пост“ информира дека се изброени 95 отсто од гласовите и според тоа Џо Бајден достигна до 3 милиони 295 илјади 305 гласа, а Доналд Трамп 3 милиони 289 илјади 717 гласа.

По ова ново ажурирање разликата којашто достигна до 500 илјади гласа во полза на Трамп, потоа почна да се намалува и Бајден премина во водство со разлика од 5.587 гласа.

Продлжува броењето на гласовите во Пенсилванија која располага со 20 делегети (електори).

И покрај тоа што изминаа два дена од денот на одржување на изборите сѐ уште е неизвесно кој од двајцата кандидати ќе стане нов претседател на државата.

Според прелиминарните резултати во сојузните држави кадешто е завршено броењето на гласовите, кандидатот на Демократската партија и поранешен американски потпретседател Џо Бајден има освоено и води со 264 делегати, а кандидатот на Републиканската партија и актуелен американски претседател Доналд Трамп освои 214 делегати.

Кандидатот кој освојува поголем број гласови во една сојузна држава, во согласност со големината на таа држава според жителите ги добива сите делегати со кои располага. На тој начин за извојување победа во трката за претседател на државата едниот од кандидатите треба да освои односно да „собере“ најмалку 270 од 538 делегати т.н. електори во Изборниот совет или колеџ. 

Сѐ уште не се разјаснети изборните резултати во сојузните држави Пенсилванија, Северна Каролна, Џорџија, Аризона, Невада и Аљаска кои се претставени со вкупно 71 електор т.е. делегат. 

На трката во Северна Каролина и Аљаска е во предност Трамп, а во Пенсилванија, Џорџија, Невада и Аризона поблиску до победа е Џо Бајден.

Според тоа, доколку во наведените неизвесни 6 сојузни држави победи оној кандидат кој е во предност, Џо Бајден со вкупно 53 електори (делегати) коишто ќе ги добие од Пенсилванија, Џорџија, Ариозна и Невада, вкупниот број на освоени делегати ќе го зголеми на 306 и ќе ја надмине бројката од 270 делегати колку што се најмалку потребни за победа на изборите.

Доналд Трамп ако победи во Северна Каролина и Аљаска кадешто води освојувајќи уште 18 електори (делегати) ќе достигне до 232 електори (делегати).

Меѓутоа, доколку завршат со поразличен резултат изборите во сојузните држави кадешто се води многу тесна борба, аритматиката на делегатите би можела да се промени во полза и на двајцата кандидати.

 



Слични вести