Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани рекордни 1.275 новозаразени и 13 починати

Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани рекордни 1.275 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) со што вкупниот број на регистрирани случаи се зголеми на 36.372, а со уште 13 починати бројот на смртните случаи изнесува 1.084

1522795
Ковид-19 во светот: Во Северна Македонија регистрирани рекордни 1.275 новозаразени и 13 починати
DÜNYADA KORONA (8).jpg
DÜNYADA KORONA (6).jpg
DÜNYADA KORONA (13).jpg
super foto korona paris.jpg
super foto korona roma.jpg
super foto korona las vegas.jpg
super covid19 fransa
super covid19 fransa
super covid19 abd new york
super covid19 fransa
super covid19 abd
super covid19 4.jpg
moskova covid.jpg
super covid19 8.jpg

Бројот на смртните случаи од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 1 милион 240 илјади 524 лица, на случаите на зараза изнесува над 49 милиони 085 илјади лица, а досега оздравеа повеќе од 32 милиони 020 илјади заболени од вирусот.

Најголем број човечки загуби и регистрирани случаи на зараза има во Соединетите Американски Држави (САД) кадешто бројот на смртните случа се искачи на над 241 илјада 026 лица, додека бројот на случаите на зараза изнесува над 9 милиони 926 илјади 637.

Во латиноамериканската држава Бразил, која по бројот на смртните случаи веднаш по САД се наоѓа на второ место и се смета за епицентар во Латинска Америка, бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 161 илјада 779 лица, а на случаите на зараза изнесува 5 милиони 614 илјади 258 лица. 

Во Мексико, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 93.772, а на случаите на зараза достигна до 949.197 лица. 

Во Велика Британија, која е земја со најголем број починати во Европа, бројот на смртните случаи се искачи на 48.120, а на инфектираните изнесува 1 милион 123 илјади 197 лица. На одржаниот протест во главниот град Лондон на првиот ден на прогласениот карантин за бора против Ковид-19, се притворени 104 лица.

Во Италија, со раст за уште 445 починати во изминатите 24 часа бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на вкупно 40.192 лица, а на случаите на зараза со регистрирани 34.505 новозаразени достигна до 824.879 лица.

Во Франција, бројот на смртните случаи во земјата се зголеми на вкупно 39.037, а на случаите на зараза достигна до 1 милион 601 илјада 367 лица.

Во Шпанија, кадешто бројот на смртните случаи се искачи на 38.486, а на случаите на зараза изнесува 1 милион 365 илјада 895 лица.

Во Германија, во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 166 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 11.190. Според објавеното соопштение од Интитутот Роберт Кох, бројот на регистрираните лица кај кои е утврден вирус во земјата во изминатите 24 часа изнесува 21.506. На тој начин бројот на случаите на зараза во Германија достигна до 619.116 лица. 

Во Република Северна Македонија, во изминатите 24 часа се потврдени 13 починати, а се регистрирани рекордни 1.275 нови случаи на зараза од коронавирусот (Ковид-19). На тој начин вкупниот број на смртни случаи во Северна Македонија се зголеми на 1.084, а на инфектираните од овој вирус се искачи на 36.372 лица.

Преглед на состојбата со Ковид-19 во источните земји, арапските земји, Азија и Африка

Во Индија, која со 8 милиони 411 илјади 724 инфектирани е во положба на втора земја во светот по бројот на случаите на зараза, бројот на смртните случаи се зголеми на вкупно 125.029 лица.

Во Русија, бројот на смртните случаи од Ковид-19 достигна до 29.887, а на случаите на зараза изнесува 1 милион 733 илјада 440 лица.

Во Иран, кадешто досега починаа 36.985 лица, бројот на случаите на зараза се искачи на 654.936. 

Во Ирак, бројот на починатите се зголеми на 11.175 лица, а на случаите изнесува 489.571.

Во Пакистан, од Ковид-19 животот го загубија 6.926 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 340.251.

Во Израел, бројот на смртните случаи изнесува 2.639, а на инфектираните достигна до 318.111 лица.

Бројот на смртните случаи од Ковид-19 на континентот Африка со раст од 302 лица во изминатите 24 часа се зголеми на вкупно 44.316 лица, а на случаите на зараза со раст од 15.302 новозаразени достигна до 1 милион 854 илјади 169.

Најголем број смртни случаи во Африка има во Јужноафриканската Република кадешто досега починаа вкупно 19.677 а потоа следуваат Египет со 6.329, Мароко 4.059, Алжир 2.011, Етиопија 1.508, Нигерија 1.155, Кенија 1.072, Судан 837, Камерун 429 починати.

Во Мароко, прогласената вонредна состојба во рамките на борбата против Ковид-19 е продолжена за уште еден месец.



Слични вести