Ирачкиот Парламент ги осуди нападите на терористичката ПКК врз силите Пешмерги

Во објавеното соопштение од Парламентот на Ирак се нагласува дека извршениот напад од страна на  сепаратистичко-терористичката организација ПКК врз силите Пешмерги во градот Дохук, значи напад врз безбедносните институции и суверенитетот на земјата

1522755
Ирачкиот Парламент ги осуди нападите на терористичката ПКК врз силите Пешмерги

Ирачкиот Парламент нападите коишто се реализираат од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК врз силите Пешмерги ги окарактеризира како напади врз суверенитетот на земјата.

Во објавеното соопштение од Парламентот на Ирак се нагласува дека извршениот напад од страна на  сепаратистичко-терористичката организација ПКК врз силите Пешмерги на Регионалната курдска управа на Ирак во северниот дел на земјата во градот Дохук, значи напад врз безбедносните институции и суверенитетот на земјата.

Во соопштението се истакнува следното: „Ирачката Влада треба да ја воспостави безбедноста во оваа област (во Дохук). Владата не треба да дозволи незаконските сили (терористичката ПКК) да ја нарушат стабилноста, треба да заземе улога во одбивањето на овие видови напади коишто стануваат причина за прекршување на суверенитетот.“

Инаку, завчера од страна на припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК беше извршен напад врз силите Пешмерги во месноста Чеманке кај градот Дохук и во овој напад загина еден припадник на Пешмергите, а тројца беа ранети.

Сепаратистичко-терористичката организација ПКК и вчера вечер изврши напад врз полицијата на Регионалната курдска управа на Ирак (ИКБЈ или IKBY) од чија страна се воспоставува безбедноста на нафтените и гасните извори.

По овој напад, портпаролот на Регионалната курдска управа на Ирак (ИКБЈ или IKBY) истакна дека ќе бидат преземени неопходните мерки за да не дојде до повторување на овие видови напади.

Од друга страна, претседателот на Ирачкиот туркменски фронт (ИТЏ или ITC) Ершат Салихи исто така го осуди нападот извршен од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК врз силите Пешмерги во градот Дохук.

Ершат Салихи во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Го осудуваме нападот на терористичката организација ПКК врз Пешмергите. Ирачката Влада и Регионалната курдска управа на Ирак, во согласност со Уставот треба да ги оддалечи овие групи (ПКК) од ирачките граници.“



Слични вести