Демант од Кремљ на тврдењата дека Путин е болен и дека ќе поднесе оставка
Портпаролот на Претседателскиот дворец на Русија Кремљ Дмитриј Песков ги демантира демантира тврдењата околу тоа дека здравствената состојба на претседателот Владимир Путин му е влошена и дека ќе поднесе оставка
1523150
Русија ги демантира тврдењата околу тоа дека здравствената состојба на претседателот Владимир Путин му е влошена и дека ќе поднесе оставка.
Портпаролот на Претседателскиот дворец на Русија Кремљ Дмитриј Песков направи проценка на вестите коишто беа објавени во британскиот весник „Де Сан“ (The Sun) и во кои се тврди дека рускиот претседател Владимир Путин има Паркинсонова болест и дека затоа идната година ќе поднесе оставка.
Појаснувајќи дека тврдењата за коишто станува збор не ја изнесуваат вистината, Песков рече: „Не, Путин е во одлична здравствена состојба и нема да поднесе оставка.“
Инаку, Владимир Путин оваа година ќе наполни 66 години и неговиот претседателски мандат истекува во 2024 година.