Азербејџанската армија им нанесе загуби на ерменските сили кои го прекршуваат прекинот на огнот

Во објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан се истакнува дека вооружените судири на фронтот продолжуваат претежно во правците на градовите Агдере, Агдам, Хоџавенд и Губадли

1522803
Азербејџанската армија им нанесе загуби на ерменските сили кои го прекршуваат прекинот на огнот

Азербејџанската армија им нанесува загуби на ерменските сили кои и покрај прогласениот прекин на огнот синоќа, во текот на целата ноќ, отворија оган врз азеребјџанските војници во различни правци на фронтот и врз азербејџанските цивилни населени места.

Во објавеното соопштение од Министерството за одбрана на Азербејџан се истакнува дека вооружените судири на фронтот продолжуваат претежно во правците на градовите Агдере, Агдам, Хоџавенд и Губадли.

Во соопштението се вели дека ерменските сили по изгубените војници и воената опрема во некои области се принудени на повлекување, а воедно се нагласува дека контролата на фронтот е кај азербејџанската армија.

Во истото соопштение стои дека ерменската армија го прекрши прекинот на огнот и на границата помеѓу двете земји и дека од териториите на Ерменија е отворен оган врз азербејџанските позиции во градовите Товуз, Гедебеј и Дашкесен.



Слични вести